НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Барокот ќе голтне уште еден споменик на старо Скопје

0
By Сашка Цветковска on September 25, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нема скопјанец кој не ја знае жолтата зграда спроти црквата Св. Димитрија на влезот на турската чаршија на која со големи темно црвени букви пишува Дом Ибни Пајко – знакот кој ги чува последните спомени на старото Скопје, односно старото Пајко маало.

Зградата била изградена во 1938, а автор на ова дело е познатиот архитект Михо Чакуља од Дубровник кој потоа се преселил во Скопје каде го поминува целиот животен век. Градена во стилот на архитектот Корбизие и заедно со зграда на Црвениот крст на Македонија и Градската болница ја означуваат модерната во архитектурата во предвоено Скопје.

Оваа зграда името го добила по сопственикот на земјиштето Ибни Пајко, кој бил трговец и затоа на објектот стоеле и буквите со кои е испишано неговото име.


Објектот „Ибни Пајко “денеска


фотографија од Скопје, 1959 на која што се гледа и Пајко Маало

Во 2004 година градот Скопје вложува 500 илјади евра за да ја обнови фасадата на зградата – споменик во Скопје. Многу години пред овој зафат фасадата на зградата била бојадисана со што се прекриле буквите кои претставувале заштитен знак на објектот.


Старата фасада на зградата пред реконструкцијата

-Објектот е од периодот на модерната на Македонија и становите беа за издавање. Тој е прв објект што ја иницира идејата за постоење на плоштад. Покрај тоа што неговата фасада е во црвена боја, има и шрафура која по сегашното бојосување би требало да се запази, забележува архитектот Живко Поповски во интервју за Утрински весник во 2004 непосредно пред стартот на реконструкцијата.

Па, така, најголема грижа на надлежните архитекти при реконструкцијата била да се пронајдат фотографии од првобитната состојба на зграда на која убаво се гледаат преградите во кои во секоја засебно биле сместени буквите за да можат да ги вклучат во изгледот.

Тогаш скопјани ги добиваат назад буквите на зградата симбол на модерната во градот и еден од симболите на старото Скопје. Но, станува се поизвесна опасноста дека и овој објект ќе го „голтне“ барок редизајнирањето на главниот град.

Градот Скопје веќе одбра решение за нова фасада

Која е потребата да се реконструра фасада која била реконструирана пред 9 години и за која што намена веќе се потрошиле половина милион евра од парите на граѓаните? Ова прашање го поставивме во Град Скопје со намера да откриеме дали оваа фасада ќе биде во барок како и останатите згради во централното градско подрачје за кои Советот на градот веќе донесе одлука, а од истиот проект во барок беа реконструирани и зрадите околу плоштадот „Македонија“. Пртпаролот на град Скопје одговори дека нема информација каква ќ биде фасадата, но дека наскоро ќе ни ја обезбеди.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025

Мал авион на аеродромот во Монтана се урнал на пистата и удрил во повеќе паркирани авиони

August 12, 2025

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025
ФОКУС

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

ВЕСТИ August 12, 2025

Преговорите меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и рускиот претседател, Владимир Путин, можат да бидат…

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.