Две лица загинаа во напад со нож во предградието на Париз, Трап, а еден е сериозно повреден, соопшти париската полиција.
Полициски извори наведуваат дека „напаѓачот е неутрализиран“.
Медиумите објавија дека се работи за 36 годишен такси возач, кој наводно им бил познат на француските безбедноси сили уште од 2016 година.
Според написите на локални медиуми, напаѓачот извикувал „Алаху акбар“.
Во меѓувреме одговорноста за нападот ја презеде терористичката група Исламска држава (ИД).
Во соопштение објавено од новинската агенција на терористичката група, Амак, е наведено дека напаѓачот е „борец на ИД”.
Двајцата загинати во нападот се мајката и сестрата на напаѓачот, информира полициски претставник во изјава за локални медиуми.