Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Потрошувачите може да бараат обештетување поради прекини на струјата

0
By Нова ТВ on August 24, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 24, 2018 13:24

Специјална комисија составена од три члена ќе биде задолжена за обесштетување на производители и потрошувачи на електрична енергија доколку операторите не се согласни со барањето за надомест на штета што ќе го поднесат потрошувачите или производителите.

– Секој потрошувач доколку смета дека имал намалена (без соодветен квалитет) или немал испорака на електрична енергија поради што претрпел каква било штета може да започне постапка за обесштетување пред операторот на електродистрибутивниот систем или пред операторот на преносниот систем. Во таа постапка треба да наведе и проценка на штетата. Доколку операторите не се согласуваат со барањето што го поднеле потрошувачите тогаш комисија составена од еден претставник од потрошувачот, еден претставник од операторот и еден вештак од Комората на вештаци ќе одлучи и ќе оцени колкаво треба да биде обесштетувањето, рече претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски пред почетокот на денешната подготвителна седница.

На подготвителната седница, додаде, ќе бараме кај операторот на електродистрибутивниот систем да има посебна служба што ќе работи на оваа проблематика и на одговорното лице за обештетувањето на потрошувачите да му се гарантира дека не може да го изгуби своето работно место доколку донесе одлука во корист на потрошувачот.

– Секој потрошувач ќе има и право на стандарден надоместок на штета, односно намалување на цената за користење на мрежата за 10 проценти доколку прекинот бил до 12 часа, а за секои наредни 20 часа ќе се зголемува за дополнителни 10 проценти, во случај планиран прекин објавен во медиумите да трае подолго од предвиденото и повеќе од 12 часа, изјави Бислимовски.

Право за надмосток ќе имаат и производителите ако прекинот трае повеќе од пет часа.

– Тие ќе треба да поднесат барање за обесштетување до операторот на електродистрибутивниот систем и за таа цел ќе се формира комисија составена од еден претставник на производителот, еден од операторот на системот и еден вештак од Комората на вештаци. Доколку бил повластен производител за обесштетување ќе се земе  предвид повластената цена, а доколку не е, ќе се зема цената по која продава на слободниот пазар. Тоа ќе се множи со  количината врз основа на претходното седумдневно производство, појасни Бислимовски.

Граѓаните, додаде, ќе можат да побараат од Државниот технички инспекторат да изврши соодветно мерење за да го утврди квалитетот на снабдувањето, односно колкави се напонот и фреквенцијата на електричната енергија што ја добиваат. Тие и самите можат да забележат кога имаат осцилации во снабдувањето, односно намалена испорака, и да почнат постапка за обесштетување. Во постапката за обесштетување ќе може да се утврди  дали недоволниот квалитет на испораката на електрична енергија бил причината за да се расипе некој уред. Тоа ќе треба да го констатира комисијата доколку операторот на системот не ја прифати својата грешка и не му исплати соодветен надомест на потрошувачот.

обештетување Регулаторна комисија струја
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 13, 2026

Мицкоски смени 8 министри

ВЕСТИ July 13, 2026

Собранието со поединечно гласање разреши осум министри од кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски откако за…

Охрид: Со гала-концертот „Љубов“ вечерва се отвора 66-тото издание на Охридско лето

July 12, 2026

Иран го затвори Ормутскиот премин, САД возвратија со нов бран напади врз над 140 воени цели

July 12, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

July 8, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.