Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Видео) Таткото на почината Ева: Државата не сакаше да помогне

0
By Нова ТВ on August 24, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 24, 2018 16:12

Таткото на починатото девојче Ева Крстановска вели дека „државата не сакаше да помогне во лекувањето на Ева“. Во изјава за медиумите, Благоја Крстановски таткото на 11 годишното девојче кое почина од редок вид на леукемија, негира дека немало понуда од болница во Германија, како што изјави вчера директорот на Фондот за здравство Ден Дончев.

Од болницата „Гисен“ во Германија каде што Крстаноски сакаа да ја лекуваат Ева, во имејл-комуникација одредиле приближна сума за лекувањето. Не издале профактура оти целата сума немало да ја плати ФЗОМ, туку требало да се вклучи и семејството со парите собрани од донации. Фондот инсистирал да добие профактура за да ги испочитува законските прописи. Таткото на Ева смета дека државата во ниту еден случај не постапила правилно при лекувањето на Ева: од третманот со хемотерапиите овде, до носењето на одлуката за одење во странство.

Крстаноски објаснува и дека одбиле да ја пратат Ева на лекување во Турција, како што одлучила лекарската комисија во Фондот, затоа што претходно три деца кои заминале таму починале.Тој вели и дека се обидел да разговара со министерот за здравство Венко Филипче, но „стигнал“ само до неговата секретарка.

Снимка од ТВ 24

Од ФЗО одговораат дека  одлуката каде ќе се лекува Ева во странство ја донело лекарска комисија врз основа на добиените медицински податоци и конзилијарното мислење, како и врз основа на добиените понуди од странските болници.

„Потенцираме дека Фондот побара понуди од 22 странски болници, меѓу кои беа и болниците од Гисен и Дизелдорф. Понуди по барањето се добиени од Медикал Парк Истанбул, Турција, Газиосман Паша Истанбул, Турција и Бамбино Гесу Рим, Италија. Имајќи ја предвид итноста на случајот и согласно добиените понуди, комисијата одлучила соодветно во рок од 48 часа. Комисијата ја одбра болницата Газиосман каде лекувањето на девојчето ќе чинело 145 000 евра.

Од Фондот велат дека  понуди од болниците во Гисен и Дизелдорф не биле добиени ниту презентирани во Фондот од страна на барателот, а дека писмото од болницата во Гисен до семејството на Ева било само информативно електронско писмо, кое нема конкретни елементи на понуда и затоа комисијата при одлучувањето за избор на лекувањето не можела да земе в предвид понуда која не е презентирана.

„Фондот ја разбира желбата на родителот, како и на сите родители за лекување на нивните деца каде што тие сметаат дека е најдобро, но Фондот работи во рамките на законските прописи и процедури кои ги вклучуваат двете лекарски комисии (првостепена и второстепена) составени од 14 еминентни медицински стручњаци, чија задача е да ја изберат најсоодветната понуда за секој барател кој бара лекување во странство, базирано на здравствената состојба, како и на критериуми на солидарност и правичност за сите осигурени лица подеднакво“ пишува во соопштението од Фондот.

11 годишното девојче Ева почина пред два дена – таа една година боледуваше од леукемија.

Ева Крстановска татко Фонд за здравство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026
ФОКУС
April 29, 2026

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

ВЕСТИ April 29, 2026

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, разговарале по телефон, соопшти…

Цените на нафтата нагло пораснаа по објавувањето на планот на Трамп за Ормускиот теснец

April 29, 2026

Доаѓа време на вистина, правда и одговорност – прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче  

April 28, 2026

Вајц: Македонија може да изгуби 47 милиони евра ако не ги спроведе реформите

April 27, 2026
ТИКЕР

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.