НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Претседателот Иванов ги прими учесниците на Струшки вечери на поезија

0
By Нова ТВ on August 25, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот Ѓорге Иванов денеска во „Вила Билјана” во Охрид ги прими годинешниот лауреат на наградата „Златен венец” на Струшките вечери на поезијата, полскиот поет Адам Загајевски, добитникот на наградата „Мостови на Струга” на СВП и УНЕСКО, финскиот поет Паули Тапио, и организаторите на 57. издание на Струшките вечери на поезијата.

Иванов им честитал на наградените поети, оценувајќи дека добиените награди се признание за нивната целокупна поетска дејност.

„Струшките вечери секоја година се вистински празник како за градот Струга, така и за сите вљубеници на поезијата. Манифестацијата е значаен културен настан во светот на литературата, манифестација низ која, како низ отворен прозорец, може да се види и слушне што се случува во поезијата на светско ниво“, рече претседателот Иванов на средбата.

На приемот, претседателот Иванов оддаде признание за целокупната организација на Струшките вечери на поезијата, и изрази очекување дека и во иднина ќе продолжи успешното организирање на оваа врвна меѓународна културна манифестација, која е од особено значење за презентација на македонското и светското поетско творештво и афирмацијата на Република Македонија во светот.

На годинашните 57. Струшки вечери на поезијата учествуваат 30 поети од 29 земји од светот, како и 50-тина поети од Македонија.

Во 2011 година, претседателот Иванов ја одликуваше манифестација „Струшки вечери на поезијата” со Орден за заслуги за Македонија.

Ѓорѓе Иванов Охрид Прием Стручки вечери на поезија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.