НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МВР треба да каже дали девојчето од „25 мај“ било силувано во Струга

0
By Нова ТВ on August 26, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Како систем на социјална заштита го направивме она што беше потребно да се направи како грижа, заштита и психолошка поддршка, а исто така и здравствените институции постапија согласно протоколите, изјави министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, во врска со случајот со малолетното девојче од Домот „25 Мај“, кое минатата недела во полиција пријави дека непознато лице извршило други полови дејствија над неа, додека престојувала на летување во Струга.

– Она што е важно е дека сите здравствени прегледи се направени кај девојчето. Девојчето е во добра здравствена и општа состојба. Се работи од страна на стручен тим за нејзина психолошка понатамошна заштита, рече Царовска.

Во врска со тоа дали станува збор за силување, рече оти како Министерство, ниту се надлежни, ниту потенцирале дали станува или не станува збор за силување.

– Ги замолувам сите медиуми, кога станува збор за ваков тип прашања, да не се избрзува со дефинирање, затоа што не секогаш работите се такви какви што изгледаат од првиот пат. Важно е да ги почитуваме зборовите што ги користи полицијата или јавното обвинителство, зашто станува збор за други полови дејствија, но откако ќе се утврди за што точно станува збор, јас најтранспарентно ќе ја користам реториката и зборовите што ги користат надлежните институции, додаде Царовска.

Во однос на тоа дали има пропуст кај воспитувачите, со оглед на тоа дека станува збор за настан што се случил околу 16 часот, рече дека е направен разговор со сите и МВР истражува исто така, затоа што, рече, „кога станува збор за одговорност, станува збор за одговорност од сите страни и сите вклучени во случајот“.

– МТСП ги дава на располагање сите потребни податоци кои на МВР му се потребни за истрагата, за да се утврдат елементите и да се утврди вината на целиот случај. Штом ќе имаме детали веднаш ќе излеземе со информација, заклучи Царовска.

„25 Мај“ девојче силување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.