НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Таргет Тврдина: Судот ја одби амнестијата на Иванов за Мијалков

1
By Нова ТВ on August 31, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

При денешното рочиште за случајот „Тврдина-Таргет” на СЈО, одбраната на Сашо Мијалков се повика на амнестија на претседателот Иванов, но судот го одби барањето.

Судијката Џенета Бектовиќ го одби барањето на адвокатот Љупчо Шврговски и порача дека судот го ценел обвинението и ги одбил приговорите за прифаќање на помилувањето.

Денешното рочиште започна со задоцнување од 40-ина минути поради недоразбирање во врска со одлагањето на терминот заради претходното судење за „Монструм“.

Обвинителот Трајче Пеливанов од СЈО побара да се отповика претходното решение за раздвојување на постапката за Гордана Јанкулоска и повторно да се спои постапката, бидејќи Јанкулоска веќе се јавува на други рочишта и престанала причината заради која била раздвоена постапката.

Судот одлучи на наредното рочиште да донесе решение за повторното спојување на постапката за Јанкулоска и прво да ја почека одлуката на Апелација за Горан Грујоски.

Во овој предмет обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, кои се во бегство во Грција, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски.

Ристовска: Мијалков бил организатор, но и самиот прислушувал

Обвинителката Ленче Ристовска рече дека СЈО обезбеди голем број на материјални докази и искази на сведоци кои ја разрешуваат дилемата кој, на каков начин со кои средства и мотиви го вршел незаконското прислушување. Ќе докажат дека е сторено кривичното дело злосторничко здружување и злоупотреба на службена положба и овластување.

-Кога тогашниот лидер на опозицијата Зоран Заев почна да објавува материјали од прислушуваните разговори, на граѓаните само им се потврди она што веќе со години наназад им беше јасно и поради што при секој телефонски разговор велеа ” не по телефон, можеби не слушаат”, рече обвинителката Ристовска.

Таа ги опиша улогите и задачите кои ги имале обвинетите, но истакна дека и идеотворецот на масовното прислушување е тогашниот директор Сашо Мијалков, кој се водел од политички и бизнис интереси.

-Во текот на предистражната постапка обезбедени се голем број на докази и сведоци, кои ја разрешија дилемата и мотивот кој го вршел прислушувањето, рече обвинителката.

Во продолжение обвинителката опиша како течело нелегалното прислушување.

-Ќе докажеме дека Сашо Мијалков, Горан Грујевски и Надица Николиќ, раководени од желбата за сеопфатна контрола на протекот на информациите, а како би оствариле предност во политичката и бизнис сферата, формирале злосторничко здружувањекое преку континуирана злоупотреба на системите за следење на комуикациите со кои располага УБК вршеле масовно нелегално прислушување, истакна обвинителката.

Таа појасни дека на ова злосторничко здружување се приклучиле и обвинетите Владимир Варелов, Васил Исаковски, Маријан Шумоликовски и тројца сведоци, меѓу кои и Звонко Костовски, при што секој имал своја задача.

-Обвинетиот Мијалков како директор на УБК бил организатор на групата и ги држел под контрола и надзор сите учесници, а воедно и самиот незаконски ги следел комуникациите на дел од граѓаните, а имал и преглед на сите броеви кои биле следени. Грујевски како негов најблизок соработник ги проследил барањата и намерите на Мијалков до Николиќ, која ги распоредувала улогите на другите учесници.Таа давала и задачи кои телефонски броеви треба да бидат таргетирани и транскрибирани.

Она што денес се дозна од воведниот говор на обвинителката е и дека Звонко Костовски, кој заедно со Ѓоко Лазаревски ја открија аферата, и самиот учествувач во прислушувањето.

-Звонко Костовски бил задолжен за техничката поддршка на незаконското следење на комуникациите, изработувал профили и лозинки на корисниците, а воедно на секој создвач му овозможил пристап до системот за следење на комуникациите. На Мијалков и Грујевски ваков пристап им овозможил и во нивните канцеларии, односно имале пристап до разговорите од своите канцеларии, појасни Ристовска.

Истрагата за предметот „Тврдина“ беше отворена на 29 март 2016 година, а за предметот „Таргет“ на 17 ноември 2016 година, а поради нивната поврзаност се споени во еден предмет. Обвинението е подигнато на 30 јуни 2017 година.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

Судечкиот совет на 19 јуни одлучи да се раздвои постапката за обвинетите Грујевски и Бошковски, а да продолжи против останатите обвинети во овој случај. Претходно судечкиот совет ја раздвои и постапката за екс министерката Гордана Јанкулоска.

 

амнестија Иванов Мијаклов Таргет-Тврдина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.