НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Новата учебна година со коригирани 22 учебника

0
By Нова ТВ on August 31, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дваесет и два коригирани учебника за учебната 2018/2019 ќе достави Министерството за образование и наука низ училиштата. По првпат од оваа учебна година сите учебници што МОН ги обезбедува бесплатно за учениците истовремено ќе бидат во слободна продажба и тоа со истата цена по која Министерството ги откупува.

Ова се дел од конкретните активности кои ги презеде МОН заради обезбедување што подобро и поквалитетно образование за сегашните и идните генерации на ученици, а кои денеска на прес-конференција ги презентираше ресорниот министер Арбер Адеми.

Тој посочи дека сите ученици од прво, второ и трето одделение ќе имаат нови комплети учебници секоја учебна година.

– Во тек е процесот за изготвување на нови 31 учебник за стручно образование. Од Оваа година за првпат се воведува италијанскиот јазик како втор странски јазик, потенцира Адеми.

Директорката на педагошката служба Вања Велева рече дека повикувајќи се на измените во Законот за учебници во основното и средното образование иницирани од Владата, а усвоени од Собранието, се овозможени интервенции на најмногу до 30 отсто од содржината на учебниците.

– Целокупниот процес почна со спроведување анкета низ училиштата преку која добивме првичен сигнал за конкретните потреби од промени низ содржините на одредени учебници. Нашата примарна задача, сите заедно да придонесеме за квалитетно образование, е и ќе биде приоритет на оваа Влада и на МОН, додаде Велева.

коригирани продажба учебници
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.