Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Инфо Шкип:Tројното убиство во Дебар го извршила постарата ќерка

2
By Нова ТВ on September 3, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 3, 2018 08:32

Извршител на тројното убиство во семејството Поцеста во Дебар е нивната поголема ќерка, која исто така со нив живеела во Италија, пренесува порталот Инфо Шќип, повикувајќи се на полицијата, пренесе МИА.

Неофицијално се, според порталот, Б.П. (25) откако го извршила грозоморното убиство отпатувала за Италија, по што повторно се вратила во Дебар, откако роднините „ја известиле“ за трагичниот настан.

Во извршување на убиствата и помагале две лица, едно од Гостивар, познато на полицијата по проблематичното однесување, кое и помагало во превозот, и едно од Дебар, кое го обезбедило пиштолот.

Тројцата се приведени и однесени во Основниот суд во Гостивар, што, заедно со Основното јавно обвинителство од овој град, се надлежни за ова кривично дело.

Според последните информации на тројцата им е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.

Инаку, Амит (54), неговата сопруга Назмије (53) и нивната ќерка Анила (14) Поцеста беа застрелани со пиштол на 26 август во утринските часови во нивниот дом додека сопружниците спиеле во спалната соба, додека девојчето во неговата соба. Биле пронајдени од близок роднина истиот ден околу 21 часот.

Сопружниците Поцеста речиси три децении со своите три ќерки живеле и работеле во Италија, а во родниот крај вообичаено, како и секоја година, доаѓале за време на летниот одмор.

Трите безживотни тела ги пронашле роднини, кои откако виделе дека ги нема на домашната веселба на нивен близок роднина и не се јавувале на телефонските повици, заминале во нивната куќа, влегле преку отворен прозорец со помош на скала. Шокирани од глетката ја известиле Полицската станица од општа надлежност во Дебар,која потоа ја информирала Општата болница. Екипа на итна медицинска помош веднаш пристигнала, но за жал лекарот само констатирал смрт.

Тие беа погребани на градските муслимански гробишта во Дебар во вторникот, а до вечните почивалишта ги испратија неколку илјади дебрани.

Дебар Инфо Шкип убиство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026
shortcut
ФОКУС
August 13, 2026Updated:August 13, 2026

Халкидики гори: Огнот ги лизна и куќите – Сивири и Фурка евакуирани

ВЕСТИ August 13, 2026

Грчките централни но и локалните власти велат дека мачно но сепак пожарот го имаат под…

Политико: Зеленски направи голема политичка грешка на Балканот

August 12, 2026

Европа заплисната од рекордни жештини – во ек е петтиот врел бран

August 11, 2026

ФЗО не ѝ попушта ниту на полицијата

August 11, 2026
ТИКЕР

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.