Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бошкоски ќе сведочи за тортурата при апсењето по изборите во 2011

0
By Нова ТВ on September 3, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 3, 2018 08:37

Со сведочење на Љубе Бошкоски денеска во Кривичниот суд треба да продолжи рочиштето за предметот „Тортура“ на Специјалното јавно обвинителство во кое се обвинети поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот прв човек на единицата „Алфи” Ивица Антевски – Пуки и уште петмина припадници на единицата, за апсењето на Бошкоски.

Обвинителот Љубомир Лапе во воведните зборови на претходното рочиште рече дека СЈО ќе докаже дека по основ на политичка определба првообвинетиот Мијалков ги навел останатите обвинетите при апсењето на Бошкоски тој душевно да страда, а сето тоа поради политичка одмазда за упатени пораки за време на изборна кампања.

Според Лапе, полицајците спротивно на уредбата за средства за присилба, употребиле прекумерна сила. Полицајците, како што рече тој, ја послушале наредбата и ги пренеле заканите од Мијалков, а еден од обвинетите му ставил пиштол на глава и му рекол „бел ден нема да видиш“.

Како докази, обвинителот Лапе рече дека ќе бидат приложени снимки од неколку телевизии и видео снимки од МВР од денот на апсењето, како и писмените докази поткрепени од т.н. бомби.

– Последицата од апсењето односно душевното страдање ќе се докаже со медицинска документација, рече Лапе.

Според адвокатот Љупчо Шврговски меѓу другото истакна дека ќе докаже дека Бошкоски давал отпор во апсењето и од тие причини обвинетите постапиле како што треба.

Сите обинети пред судот се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.

Бошкоски во изјава за медиумите прашан колкава материјална штета ќе побара, рече дека тој не е тука за материјална штета, туку за штетата која му била нанесена наму, на неговото семејство и на неговата политичка партија од, како што го нарече, полициско-политичкиот монтиран процес.

Бошкоски СЈО Тортура
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 12, 2026Updated:June 12, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

ВЕСТИ June 12, 2026

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Соединетите Американски Држави и Иран се на чекор до…

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026

Трамп: Постигнавме одлично решение за војната со Иран

June 12, 2026

САД – Канада – Мексико: Во 21.00 часот по средно европско време почнува 23-то Светско првенство во фудбал

June 11, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.