Македонската полиција ги разјасни причините кои доведоа до грозоморното убиство што се случи на 27 август во семејната куќа на семејството Поцеста, при што се убиени таткото, мајката и нивната 13-годишна ќерка, објави весникот на албански јазик Коха. Според наводите во весникот, убиството го организирала нивната постара ќерка 28 годишната Блерта Поцеста, кој по завчерашното апсење, признала дека е организатор на тројно убиство, но не и извршител.
Официјални извори од Министерството за внатрешни работи за Коха изјавиле дека по спроведената истрага и по сослушувањето на обвинетата, утврдено е дека причина за убиството на 55 годишниот татко Амит, 53- годишната мајка Назмие и нејзината помала сестра, 13-годишната Анила, е што родителите не дозволувале таа да се омажи за нејзиното момче, италијански државјанин.
-Обвинетата признал дека таа го организирала убиството, но не го извршила. Под истрага е и 33 годипнуиот Ферди Г од Гостивар од кого бил купен пиштолот, кој пак бил во сопственост на неговиот 66 годипен чичко од Дебар, кои исто така се обвинети за убиството.
Но, според полицијата на самото место во домот во Дебар се пронајдени траги само од Блерта.
Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица под сомнение дека биле инволвирани во убиство на тричлено семејство во Дебар.
-Првоосомничената, жена на возраст од 28 години, е под истрага бидејќи постојат основи на сомнение дека сторила кривично дело – Убиство од чл.123 ст.3 од Кривичниот законик. За другите двајца осомничени, 31-годишен маж од Гостивар и 62-годишен жител на Дебар, постои сомнение дека и помагале во извршувањето со што сториле кривично дело – Убиство од чл.123 ст.3 во врска со чл.24 од Кривичниот законик.
Ценејќи дека се исполнети законските услови, надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка достави Предлог за определување мерка притвор за сите три осомничени лица. Ваквиот предлог беше прифатен и судијата на осомничените им одреди мерка притвор во траење од 30 дена.