НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Денеска Столтенберг и Аселборн, утре Курц, в сабота Меркел

0
By Нова ТВ on September 6, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг синоќа допатува во дводневна посета на Скопје. Во пресрет на референдумот закажан за 30 септември денеска во Македонија на средби со државниот врв е и министерот за надворешни работи на Големото Војводство на Луксембург, Жан Аселборн.

Генералниот секретар на НАТО денеска ќе има средби со претседателот на државата Ѓорге Иванов, со премиерот Зоран Заев, со претседателот на Собранието Талат Џафери, а првиот човек на НАТО треба да има средба и со министерката за одбрана Радмила Шекеринска и со други високи официјални претставници. Столтенберг во Собранието ќе има средба и со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

По средбата на премиерот Заев и Столтенберг најавена е прес-конференција.

Покрај останатите активности и средби, генералниот секретар ќе го посети и Стајковци каде што во 2016 година војници и опрема на НАТО беа ангажирани за надминување на последиците од поплавата. Столтенберг ќе ја посети и касарната Илинден  каде што ќе присуствува на показна вежба на припадниците на специјалните сили.

Во касарната Илинден предвидени се изјави за медиумите од Столтенберг и Шекеринска.

Генералниот секретар на НАТО по средбите во Скопје заминува за Атина каде што вечерва ќе има работна вечера со грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Министерот за надворешни работи на Големото Војводство на Луксембург, Жан Аселборн, пак, ќе има средби со неговиот домаќин  македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров, со премиерот Зоран Заев и со вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

Развојот на севкупната билатерална соработка меѓу двете земји, надворешно-политичките приоритети на Република Македонија, како и актуелните внатрешни состојби со акцент на подготвителните активности за референдумот, ќе бидат тема на средбата меѓу Димитров и Аселборн, како и на пленарните разговори меѓу делегациите на двете земји, информираат од МНР.

Двајцата министри предвидено е да потпишат Спогодба меѓу  Владата на Република Македонија и Владата на Големото Војводство на Луксембург за размена и заемна заштита на класифицирани информации.

Во пресрет на референдумот, во Скопје неделава доаѓаат и канцеларите на Германија и на Австрија, Ангела Меркел и Себастијан Курц.

Скопје Столтенберг
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Зеленски ги објави условите пред можни преговори со Трамп и Путин – Русија да престане да убива Украинци и да се согласи на прекин на огнот

ВЕСТИ August 7, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека неговите цели за самитот САД – Русија за…

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

August 7, 2025

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.