НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нови два анекса на договорот за автопатот Кичево-Охрид

0
By Нова ТВ on September 6, 2018 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Градежните работи на автопатот Охрид – Кичево кој повеќе од една година е во целосен застој, ќе продолжат наесен. Владата  денеска усвои Предлог-закон за нов анекс на Договорот за изградбата на автопатот Кичево – Охрид во должина од 57 километри со кинески „Синохидро“, а со кој се овозможува ослободување на 205 милиони евра од претходно обезбедените финансии за проектот, од Ексим банка  со што ќе се интензивираат градежните активности на терен и ќе се овозможи исплата на домашните компании ангажирани како подизведувачи.

Со предлогот е предвидено со нов, трет анекс, пак, што би се склучил околу 10-ти следниот месец да се утврдат цените за дополнителните градежни работи неопходни за одблокирање на проектот.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески по денешната седница на Владата најавија дека законот уште денеска ќе биде испратен во Собранието.

Со тоа, како што истакнаа, почнува да се решава проблемот за овој капитален проект, кој заедно со планираното интензивирање на работите за железничката делница Куманово – Бељаковце и за гасоводот треба да овозможи подобрување на состојбите во градежништвото по големиот пад во изминатиот период.

Анѓушев појасни дека Владата одлучила да го продолжи проектот затоа што согласно со договорот што го склучила претходната власт со „Синохидро“, реалната состојба на терен и обврските што не ги исполнила македонската страна, изведувачот најавил низа жалби со кои ќе се плателе големи оштетни побарувања и можело да дојде до ситуација и воопшто да не се изгради патот. Во таква ситуација ќе имало огромни штети за ангажираните домашни компании и ќе се предизвикал домино ефект врз целата економија. Со помош на домашни и странски експерти и консултанти успеале да договорат „Синохидро“ да се откаже од жалбите, а услов за македонската страна со преговарите кои се во завршна фаза е значително намалување на разликите во цените со подизведувачите согласно  ФИДИК правилата.

– Од она што го имавме како евиденција цените коишто се плаќани од страна на нашите претпријатија кон „Синохидро“, а понатаму за истите тие работи кај што работеле подизведувачите што „Синохидро“ ги платил кон македонските подизведувачи, во просек има разлика во цената од 56 проценти. Тоа е така направено во основниот договор, а ние тоа не можеме да го продолжиме. Апсолутно беше услов и без тој услов не продолжуваме, односно тие разлики во цените да се намалат и да бидат согласно ФИДИК правилата, да има цена на подизведувач, признаен трошок на изведувачот…, рече Анѓушев.

„Со овој Предлог закон завршуваме работа за два момента,  едниот дел е да продолжи изградбата на сегментите каде е застаната, а вториот е  да може да се вршат плаќањата на кинеската компанија кон другите компании кои работат, рече министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

За изградбата на автопатската траса во должина од 57 километри ќе треба да се примени целосно нова технологија за изградба на тунелот кај Врбјани  во должина од четири километри, кој со првиот проект бил предвиден да се гради на меко змејиште а не на карпест дел како што препчорачуваат експретите. Воедно ќе треба да се градат девет нови клучки и регионални патишта со оглед дека со постојниот проект не е предвидено поврзување на околните населени места со автопатската делница.

Изградбата на автопатот што стартуваше во февруари 2014 година беше во  застој поради проблеми со проектната документација, несоодветни геомеханички испитувања, нерешена експропријација на земјиштето. Новиот рок до кога се планира да заврши автопатот е средината на 2021 година.

автопат Охрид- Кичево Анѓушев Синохидро Сугаревски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.