НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тортура: На 20 септември ќе се слушаат бомби без присуство на јавноста

0
By Нова ТВ on September 7, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со слушање на 35 дополнителни аудио снимки, судењето по предметот „Тортура“ на СЈО, ќе продолжи на 20 септември, на кое по барање на обвинителката Лиле Стефановска, јавноста ќе биде исклучена поради можна повреда на приватноста.

Денеска во судот се слушнаа „бомби“ како докази на СЈО, во кои се слушаше гласот на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како на соговорниците им кажува дека е уапсен Љубе Бошковски, а во дел од нив бара да се пуштат снимките од апсењето без цензура на лицето.

Во раговорите се слушнаа и гласовите на новинарката Оливера Трајковска и бизнисменот Јордан Камчев каде првично Трајковска не го одобрува апсењето, но подоцна, во разговорите се слуша дека таа вели дека тоа е во ред бидејќи Бошковски извршил кривично дело. Мијалков од сопственикот на телевизија Канал 5, Емил Стојменов, и од уредникот на ТВ Сител, Драган Павловиќ-Латас, бара веста за апсењето да се врти на телевизиите, а тие му ветуваат дека тоа ќе биде актуелно повеќе дена. Сашо Мијалков во разговор со брат му Влатко му кажува дека Љубе за ова дело ќе добие минимум осум години и дека вечерта во „Шутка“ ќе му пушти некој „надарен“. Во еден од разговорите меѓу поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и тогашниот портпарол на МВР Иво Котевски се слуша како Јанкуловска му кажува на Иво да не ги пуштаат снимките каде се гледа насилното приведување на Бошковски, оти Котевски ја информираше дека постоела снимка каде обвинетиот Ивица Антевски-Пуки му ставил пиштол во уста на Љубе.

Во еден од разговорите што денеска се слушаа беше и оној меѓу Сашо Мијалков и неговиот брат Влатко кој му вели на својот брат дека повеќе се радува на апсењето на Бошкоски отколку на победата на изборите која ВМРО-ДПМНЕ ја остварила претходниот ден.

„За победата не се радувам толку како за овој, таков идиот немам видено“, му вели Влатко на Сашо Мијалков.

На ова, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, му вели на својот брат да причека бидејќи има уште планови за Бошкоски.

„Слушна ли бе брат мој, знаеш сега дека ќе го јаде 10 години. Чекај сега уште ќе го јаде“, вели во разговорот Сашо Мијалков.

Одбраната на обвинетите на почетокот на судењето побара да се исклучи јавноста за овие разговори, но судечкиот совет по паузата одлучи да се слушнат сите разговорите освен четвртата сника,што на следното рочиште ќе се слуша без јавност.

Во овој предмет обвинети се поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот прв човек на единицата „Алфи” Ивица Антевски – Пуки и уште петмина припадници на единицата.

 

бомби Бошкоски Мијалков Тортура
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.