НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почнува „судењето на векот“ против Фолксваген

0
By Нова ТВ on September 10, 2018 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
Фото. Дојче Веле
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Првиот голем судски процес поради измами со тестовите на штетни издувни гасови против Фолксваген започнува денеска во Германија. Ќе се истражува дали автогигантот требало порано да ги информира инвеститорите.

Зошто постои тест случај?

Главен оштетен во случајов е Дека, фонд во сопственост на групацијата Шпаркасе. Но зад тоа се кријат илјадници други тужители – и корпоративни и приватни – кои сакаат да ги остварат своите барања. Во истовреме во Штутгарт се води судска постапка против Фолксваген и Порше. Постапката во регионалниот суд во Брауншвајг е поголема, со побарувања против Фолксваген во износ од околу 9 милијарди евра. Иако оваа постапка се занимава со техничките аспекти на тоа кога и како групацијата комуницирала со финансиските пазари, судот ќе мора да ја утврди хронологијата на скандалот и да открие кога раководителите дознале за измамата. Таквите детали се клучни за натамошниот тек на кривичната истрага во Германија, објавува Дојче Веле.

Што се утврдува со тест-случајот?

Судиите ќе пресудат за повеќе од 200 прашања поднесени од двете страни во спорот. Меѓу најважните се тие дали Фолксваген требало да ги информира инвеститорите за лажниот софтвер, дали намерно се криеле информации, и кои членови на бордот знаеле за тоа – и кога?

Колкави се загубите на тужителите?

Тоа зависи од моментот на купување на акциите. Адвокатите кои ги предводи Андреас Тилп, кој го претставува главниот тужител пред регионалниот суд, ќе се повика на последните цени на акциите на Фолксваген пред американската Агенција за заштита на животната средина (ЕПА) да ги објави сомнежите за манипулации на 18 септември 2015.

Обвинувањата на ЕПА ја намалија вредност на акциите на Фолксваген за 37 проценти во однос на цената ден претходно.

На што ќе се концентрираат адвокатите?

Според адвокатите, клучниот проблем не е само објавувањето на манипулациите на 18 септември 2015, туку многу порано – уште во април 2008. Како што вели Тилп, Фолксваген години претходно призна дека намалувањето на издувните гасови до пропишаното ниво не е можно. Доколку ова излезе точно, берзите требало да бидат информирани за тоа веднаш.

Фолксваген поднел апликација за сертифицирање за првиот мотор со технологија за намалување на штетните издувни гасови. „Оттогаш, Фолксваген се служи со измами“, вели Тилп. Дополнително, обидите за прикривање продолжуваат од март 2014, кога Фолксваген дознал дека студијата на Меѓународниот совет за чист транспорт открила оти многу автомобили не ги исполнуваат регулативите за емисија на штетни гасови.

Како се правда Фолксваген?

Фолксваген се фокусира на 18 септември, затоа што во тој момент бордот дознал за размерите на скандалот. Најголемиот светски производител на автомобили тврди дека информациите кои ги поседувал дотогаш правно не го обврзувале да ги сподели со акционерите. Од фирмата тврдат дека измамата била дело на мала група инженери кои делувале без знаење и авторизација од раководните лица. Откако биле предупредени од американските власти, директорите не сфатиле колку е сериозен скандалот, и верувале дека може да се реши на пријателски начин. Во центарот на вниманието ќе биде Мартин Винтеркорн, поранешниот директор кој тврди дека го познава секое делче од секој модел произведен во Фолксваген.

Колку ќе трае судењето?

Начелно треба да заврши до 10 декември, 2018. Регионалниот суд би требало да донесе пресуда следната година.

издувни гасови судење Фолксваген
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.