Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Блок: Референдумот е демократски процес, граѓаните сами ќе одлучат

0
By Нова ТВ on September 12, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 12, 2018 14:45

Договорот од Преспа е чувствителен компромис, но решавањето на ова прашање ги отвора вратите кон подобра иднина на Македонија, и тоа зависи од сите политички актери, вклучително и опозицијата.  Референдумот е дел од демократскиот процес и останува на вашите граѓани да го донесат единственото решението за земјата, изјави шефот на холандската дипломатија Штеф Блок по средбата со неговиот македонски колега Никола Димитров.

Истакна дека е охрабрен од исклучителниот напредок што Македонија го постигна во кус период, и оти сега претстои да се види напредокот во спроведувањето на законодавните пакети, реформите во правосудството, разузнавачките служби и јавната администрација.

– Преку една длабока и тешка политичка криза и честитаме на Македонија за напредокот што го постигна во еден таков кус период и што ја врати земјата на реформскиот пат. Договорот со Грција за прашањето со името е огромен историски чекор, со кој политичките лидери на Македонија и Грција покажаа храброст и лидерство да го затворат овој долгорочен спор, рече Блок.

Тоа, посочи, доведе до покана за членство во НАТО, што покажува дека добра волја и храброст можат да решат долгорочни прашања, да го зајакнат мирот и стабилноста и да го започнат реформскиот процес заснован на вредности.

– Холандија ја поддржува и перспективата за членство во ЕУ на Македонија. Нашата политика е строга но фер, кога земјата ќе ги исполни предусловите ќе го поддржиме пристапниот процес за ЕУ во јуни 2019 година, рече Блок.

Посочи дека земјава направила храбри и важни чекори напред кои не се лесни на кус рок, на долг рок ќе донесат напредок и благосостојба за земјава.

Додаде дека Холандија ќе продолжи да биде партнер на Македонија, посочувајќи оти Холандија досега како надворешен инвеститор има вложено над 250 милиони евра во земјава.

Димитров се заблагодари за постојаната поддршка што Холандија ја пружа на Македонија, посочувајќи дека оваа година се одбележуваат 25 години од дипломатските односи со Холандија, со која земјава има традиционално пријателство.

– Холандија има политика на стрикно и фер во однос на процесот на пристапување во ЕУ, ние ја поддржуваме оваа политика бидејќи наша цел е не само да станеме членка, туку и да ја направиме нашата држава европска, рече Димитров.

Тоа, рече ќе го ќе го постигнеме преку реформите, во правосудството, борбата против корупцијата, и оти начинот на кој ќе го направиме тоа е поважно од тоа кога ќе станеме членка на ЕУ.

Шефот на дипломатијата додаде оти со холандскиот колега разговарале и за претстојниот референдум, што, како што рече Димитров е историска раскрсница за државата.

Блок Димитров референдум
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 16, 2026Updated:June 16, 2026

Техеран: Го отворивме Ормундскиот премин – минаа првите бродови

ВЕСТИ June 16, 2026

Неколку ирански бродови поминаа низ зоната на американската поморска блокада во Оманскиот Залив, според иранските…

Институт Ројтерс: За прв пат социјалните мрежи прераснаа во доминантниот извор на вести во светот

June 16, 2026

Ваташа: “Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!” – 83 години од Ваташкиот масакар

June 16, 2026

Иранските медиуми објавија детали од договорот меѓу САД и Иран

June 15, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.