Во Основниот суд Скопје 1, продолжи судењето за настаните од 27 април. Прв сведок на денешното рочиште беше пратеникот од Партијата за движње на Турците, Енес Ибрахим кој во детали опишуваше што се случувало ноќта за време на крвавиот четрвток.
„ По упадот на насилниците во прес салата , бев горе во галеријата кога ми се приближи млад дечко и ме праша кажете ми што е ова, а други почнаа да ме влечат, ме маваа , ме пцуеа и навредуваа на етничка основа и ми велеа дека сега ниту Ердоган нема да те спаси. Не препознав кои беа тие, бидејќи си ја чував главата, но кога станав пред мене го видов обвинетиот Мумир Пепиќ. Најчудно ми е што кога не засолнија во канцеларијата на пратеникот Влатко Ѓорчев видов двајца од насилниците – им кажав на полицајците дека овие се насилници но тие ми рекоа „не, ова се наши колеги“. Потоа ја затворија вратата за да не ги гледаме“ сведочеше Ибрахим.
Судењето продолжува со сведочење на поранешниот пратеник, сегашен заменик министер за образование Петар Атанасов.
За крвавиот четврток обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок, а две лица за помагање на делото.