НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДФРЛаб: Кампањата #бојкотирам на Твитер ја водат 9 профили

0
By Нова ТВ on September 15, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во периодот што му претходи на референдумот на 30 септември, исполнет со настани меѓу кои протести за бојкот на гласањето и посетите на канцеларката на Германија Ангела Меркел и на Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг кои се во   функција на поддршка на гласањето „за“ на референдумот, посебно се истакна онлајн активноста на хаштагот #бојкотирам.

Иако останува нејасно дали онлајн кампањата ќе предизвика промена на однесувањето кај македонските гласачи, напорите за бојкот на гласањето не можат да се занемарат. Со  хаштагот не само што се агитира за неучество во демократскиот процес во Македонија, туку содржината споделена преку овој хаштаг води кон  исклучување на нивната публика од објективните или содржините базирани на факти.

Ова е заклучокот од истражувањето на Дигиталната лабораторија за форензички истражувања на Атлантскиот совет (ДФРЛаб), на кампањата што се води на Твитер под хаштагот #бојкотирам, во пресрет на референдумот, под наслов „#ElectionWatch: Кампањата за бојкот во Македонија користи познати ликови“.

-Напорите од екстремно десничарските веб-страници за целосен бојкот на гласањето, за разлика од кампањата за гласање “против”, е значаен показател дека постои некаков мотив, иако се очекува дека поголемиот одѕив најверојатно ќе биде за интеграција на земјата во Европската унија и во НАТО, се заклучува во анализата.

Што открија Дигиталните форензичари

Во Македонија на 30 септември ќе се одржи референдум на кој ќе се гласа за промена на името во Република Северна Македонија. Со ова исто така би се решил и долгогодипниот спор меѓу Македонија и Грција, што е пречка за напредокот на Македонија кон Европската унија и НАТО, се вели на почетокот од анализата.

Како што се приближува датумот на референдумот, така се засилува и онлајн кампањата наречена #бојкотирам на Твитер и Фејсбук. Целта на оваа екстремно десничарска кампања е бојкот на референдумот.

Според истражувањата на ДФРЛаб на Твитер, хаштагот #бојкотирам има околу 23.800 споменувања, од кои 19.300 биле ретвити (споделувања), односно дури 80.9 проценти од вкупното споменување всушност е само просто споделување. Ова укажува на тоа во кампањата на Твитер нема многу оригинални пораки, туку само се споделувале малкуте постоечки.

Визуелизацијата на ДФРЛаб на овој процес покажува како се одвива мрежата на мрежата споделување (ретвитање), споменување и одговори околу хаштагот #бојкотирам. Притоа, највлијателните профили од кои потекнува оваа онлајн кампања, 9 на број, се прикажани во потемни портокалово-црвени бои.

(Извор: Sysomos)

Според trendsmap.com, кампањата имала најголем сообраќај на 8 септември со околу 3.900 твита.

(Извор: Trendsmap.com)

Според анализата, онлајн активностите се координирани со она што се случува во реалниот свет. Во тој контекст, се споменува дека една од причините за засилената онлајн активност на #бојкотирам на 8 септември ДФРЛаб е токму значењето на овој датум, бидејќи некои од твитовите во тој период се токму во врска со Денот на независноста.

Исто така, на тој ден се одржаа и демонстрации против референдумот, што може да биде една од причините за засилената онлајн активноста на овој хаштаг. Како што се забележува во анализата, за разлика од демонстрациите на кои се појавил мал број луѓе, онлајн кампањата за бојкот на референдумот е подобро организирана и полека привлекува внимание.

(Извор: Фејсбук / бојкотирам)

Во анализата се потсетува дека на Денот на независноста, биле и демонстрациите, но и средбата на Ангела Меркел со македонскиот премиер Зоран Заев, на која таа изрази поддршка за гласањето “ЗА” на референдумот, во контекст на отворање на можностите за интеграција во ЕУ ​​и НАТО.

Само два дена пред посетата на Меркел, на 5 септември, ДФРЛаб потсетува дека и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг го посети Скопје, на разговори за напредокот во пристапувањето во НАТО, при што во анализата се цитира неговата изјава:

“Вратата на НАТО е отворена, но само граѓаните на оваа земја можат да одлучат да одат дали ќе влезат. Значи, вашата иднина е во ваши раце“.

И за време на неговата посета, забележано е засилено влијание на #бојкотирам на национално ниво во Македонија.

Знаци на координација и пораки за бојкот на референдумот, ДФРЛаб забележува на, како што ги нарекува „екстремно десничарските македонски веб-страници“. Тука ја посочува веб-страницата на екстремната националистичка дијаспора, mn.mk, каде се шири пораката дека референдумот е незаконски и треба да се бојкотира.

Извор: Фејсбук/mn.mk

На веб страницата, исто така, се наведуваат повеќе хаштази кои повикуваат на бојкот на референдумот.

Извор: bojkotiramfeed.com

На друга веб страница bojkotiramfeed.com е објавена листа на твитови против референдумот. Веб страницата им овозможува на корисниците лесно да ретвитаат и да ја споделуваат содржината на социјалните медиуми.

Сличности со САД

Начинот на кој се шири ова онлајн движење и начинот на кој се изведува, во анализата на ДФРЛаб се констатираат сличности  во стилот и јазикот со екстремно десничарски наративи во САД и Европа. На пример, некои твитови имале хаштази поврзани со движењето Q-anon, теоријата на заговор за прикриената владина контрола во САД.

Еден од твитовите кој имал голем број споделувања вели:

Извор: Твитер

Со сина боја е обележано квадратче #Пепе3Македонски”, хаштаг кој според ДФРЛаб не е е многу користен на Твитер, но затоа засилено се споделува мемето на жабата Пепе, што го користат екстремно десничарските корисници во САД, а кое сега се појавува и во кампањата за бојкот во Македонија.

Извор: Твитер
Извор: Твитер

Користењето на мемето Пепе беше прифатено од екстремно десничарските движења во европските земји и низ целиот свет, откако претходно стана популарно во САД. Во Македонија, Пепе и други десничарски идеи се непознати за општата публика, со исклучок на неколкуте екстремно десничарски групи.

Ликот на Пепе најчесто на Запад се користи како симбол на омраза, откако тој него како симбол почнаа да го постираат екстремно десничарските корисници на 4 chan и 8 chan и на alt-right (поврзана со белите супремацисти).

Но, во Македонија очигледно дека употребата на мемето со Пепе е прилагодена и се користи против референдумот за ЕУ и НАТО интеграција.

И Стив Бенон во функција на #бојкотирам

Освен Пепе, движењето #бојкотирам, исто така, воведе уште едно, непознато, меме, – сликата на Стив Бенон со очила за сонце.

Twitter /LOshGZE)
(Извор: Твитер / LOshGZE)

Бенон е поранешен главен стратег на Доналд Трамп, кој најави дека ќе ја обедини европската екстремна десница пред претстојните избори за Европскиот парламент.

Користењето на сликата од Бенон, според ДФРЛаб, во САД може да претставува политичко приклонување, но во Македонија тоа е знак за растечка култура на екстремно десничарското движење во европската онлајн клима. Користењето на сликата на Бенон следи откако тој неодамна отвори фондација наречена Движење, со седиште во Брисел чија цел е да ги советува и поддржува популистичките сили ширум Европа.

Иако ова меме на Бенон можеби нема никаква врска со улогата на Фондацијата во Македонија, тоа е силен индикатор за онлајн-влијанието на неговата работа и идеи меѓу националистичките или популистичките заедници во Европа.

Кои се ДФРЛаб?

Digital Reaserch Lab Atlantic Council Lab (ДФРЛаб) е водечки светски центар за дигитални форензички аналитичари кои ги следат настаните во однос на владеењето, технологијата, безбедноста и нивното поклопување во актуелниот моментот на случување.

Во описот на нивната мисија стои идентификување, откривање и објаснување на дезинформациите -каде и кога тоа се случува, со користење на софтвер со отворен код, промовирање на објективната вистина како основа на владеење за, и од страна на граѓаните и заштита на демократските институции и норми од оние кои би сакале да ги поткопаат во дигиталниот простор.

Тимот на DFRLab

Дигиталната лабораторија за форензички истражувања на Атлантскиот совет (DFRLab) работи на откривање на дезинформациите преку лоцирање на невистините и лажните вести, документирање на кршењето на човековите права и обезбедување брза дигитална реакција на неправилностите независно во кој дел од светот се случуваат. Тие ги следат глобалните кампањи за дезинформации, лажни вести, прикриени воени дејства и субверзивни обиди против демократијата, истовремено подучувајјќи ја јавноста на јавни вештини за идентификување и презентирање на обидите за контаминација на информативниот простор.

Користејќи софтвер со отворен код, социјални медиуми и дигитални форензички истражувања, истражувачите на ДФРЛаб спроведоа детални истражувања за воените злосторства за време на опсадата на Алепо во Сирија и за кршењето на прекинот на огнот во Украина.

На крајот од анализата се наведува дека @DFRLab ќе продолжи да ги следи дезинформациите и пошироката онлајн околина пред референдумот во Македонија.

Извор: AtlanticCouncil’s Digital Forensic Research Lab

Бојкотирам ДФРЛаб истражување референдум Твитер кампања
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.