НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Флекенштајн: Референдумот е прозорец што ретко се отвора

0
By Нова ТВ on September 19, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Референдумот е прозорец што ретко се отвора и треба да го искористите. Зависи од властите во Македонија и Грција, но најмногу зависи од вас што ќе одлучите, порача германскиот европратеник Кнут Флекенштајн на дебатата на тема „Европските вредности за македонската иднина “ во организација на Фондацијата Фридрих Еберт Скопје, што денеска се одржа на Правниот факултет Јустинијан Први.

– Не можам да ви кажам дали референдумот е вистински чекор или не. Имате само неколку моменти да одлучите за најголемата можност што ви се нуди. Не ме разочарувајте. Ако ја испуштите оваа шанса ќе чекате десетици години. Нема да ви кажам што да правите, но барам да не ја испуштате оваа можност. Размислете што ќе се случи ако во Грција има избори и победи Нова демократија, им рече Флекенштајн на присутните на дебатата.

Чекавте 27 години и да сум на ваше место не би прфатил ризик, рече тој.

– Верувам дека Западен Балкан припаѓа на Европската унија, а не само географски во Европа. Тоа не е така заради аспирациите на Русија или Турција, туку  заради демократијата, владеењето на правото и борбата против корупцијата која е во интерес на сите. Влегувањето во овој клуб не е во интерес само на вас, туку и за нас заради бизнисот што сакаме да го правиме со вас. За претприемачите е многу битно да владеат исти закони секаде за бизнисот да биде предвидлив и да нема бирократија. А, и на обичниот народ не му е битно кога ќе почнат преговорите, туку кога ќе почне да му се подобрува животот. Затоа треба да му дадеме тоа што му треба, рече Флекенштајн.

Нагласи дека и ЕУ треба да се промени и да ги смени правилата доколку сака да ја развие Унијата.

– Ако ние во Брисел не ја направиме нашата домашна работа не ви препорачувам да станете членка на ЕУ, потенцира Флекенштајн.

Одговарајќи на прашање дали е оптимист дека земјава ќе ги почне преговорите во јуни следната година иако во ЕУ претходно ќе се одржат избори за Европски парламент, германскиот европратеник рече дека смета оти изборите нема да го сменат ставот во Унијата и додаде дека сите партии имаат идентичен став за решавање на проблемот со името.

Министерот за образование и наука Арбер Адеми посочи дека уште од стекнувањето на независноста главна стратешка цел на Македонија е полноправното членство во Европската унија и НАТО.

– Сега е моментот кога нашата земја е блиску до интеграција во ЕУ и НАТО, рече Адеми и додаде дека ја цени помошта од Унијата и Алијансата што земјава ја добила на секое поле, а особено во сферата на образованието.

Најзначајната придобивка од придружувањето кон ЕУ, потенцира, е прифаќањето на европските вредности, а тоа, како што кажа, води кон сестран развој на државата што може да се согледа од примерите на земјите кои се придружиле на Унијата.

– Не сум тука за да ви кажам да учествувате на престојниот референдум или не и како да гласате. Тука сум бидејќи имам должност да ви ги објаснам бенефитите од придружувањето кон ЕУ и НАТО, им порача Адеми на присутните на дебатата

дебата Флекенштајн
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.