Американскиот претседател Доналд Трамп жестоко го критикуваше министерот за правда на САД и воедно главен обвинител Џеф Сешнс, што претставува негова досега наојстро упатена критика кон некој член во Администрацијата што тој самиот ја именуваше.
Во интервју за телевизијата Хил ТВ, Трамп синоќа изјави дека тој „нема министер за правда“.
-Јас немам јавен обвинител. Тоа е многу жално, изјави Трамп во интервјуто , во кое тој исто така говореше дека поранешниот сенатор од Алабама бил конфузен и збунет уште кога се кога се појавил Комитетот за правосудство во Сенатот во јануари 2017 година.
Ова не е првпат Трамп да го критикува Сешанс, поради неговата одлука од март 2017 година да се откаже од контрола врз истрагата на специјалниот обвинител Роберт Мулер за наводното руско мешање во изборите во САД во 2016 година, со што Сешнс практично се откажа да можноста да го штити претседателот од истрагата.
Повикувајќи се на регулативите на Министерството за правда, Сешн објавија дека се иззема од истрагата на Русија во март поради неговата улога во кампањата Трамп. Дел од истрагата сега води специјалениот советник Мулер.
Трамп во интервјуто оцени дека тоа што го стори Сешнс е „многу нечесно“ и нагласи дека е „многу разочаран“ од него.
-Жал ми е за Џеф Сешнс, бидејќи тој беше првиот сенатор што ме поддржа. Тој сакал да биде јавен обвинител, а јас тоа не го увидов, изјави Трамп во интервјуто.
Трамп го критикува, Сешсн го фали
Освен за ова, Трамп го критикуваше Сешнс и за серија други прашања како справување со имиграцијата, што пак сојузниците на Трамп го поздравија.
-Не сум задоволен со границата, не сум задоволен со многу работи, не само со ова, изјави Трамп мислејќи притоа на истрагата за руското влијание.
Сешнс спроведе еден од најагресивните и контроверзни чекори во обидот за борба против нелегалната имиграција – “нулта толеранција” за оние кои илегално доаѓаат во земјата, ја бранеше политиката на одвојување на семејствата на мигрантите и издаде одлука со ограничувања за тоа кој може да добие за азил.
Портпаролот на Одделот за правда одби да коментира, а исто така ниту Сешн досега јавно не одговори на критиките на Трамп.
Напротив, веднаш по овие критики на Трамп, Сешнс говореше на пред претставници на полицијата во Илиноис, при што енергично го фалеше Трамп.
Аналитичарите проценуваат дека овие напади врз Сешнс може да претставуваат подготовка на теренот за негова смена.
Трамп, како претседател, можеше да отпушти Сешнс во секое време, но повеќе од една година, тој избра да го навредува јавниот обвинител што тој го постави. Трамп претходно посочи дека е малку веројатно дека ќе му даде отказ на Сешнс пред изборите во Конгресот што се на средина од неговиот мандат, а ќе се одржат во ноември.
Трамп не одговори конкретно што ќе се случува со Сешнс.
-Ќе видиме што ќе се случи, рече тој. Многу луѓе ме замолија да го направам тоа. Гледам каква е праксата претходно и сакам работите да ги оставам сами по себе, но она што го направи беше многу неправедно. Ќе видиме како ќе оди со Џеф. Многу сум разочаран од него. Многу разочаран, рече Трамп.