НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ахмети: Нема пазар со референдумот

0
By Нова ТВ on September 27, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европската Унија во неколку наврати отворено ни предочи: решете ги проблемите со соседите и продолжете ги почнатите реформи. Тоа е важно за нас, истакна лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, во интервју за ТВ24.

Тој во интервјуто вели дека по зачленувањето во НАТО, во првиот дел на идната година, ќе почнат суштинските реформи и сериозните разговори со ЕУ.

– Многу посети се остварени во Атина со сите грчки челници за да се изнајде конкретно решение, прифатливо за двете страни. Многу труд и вложување се направени за изнаоѓање решение во овој правец. Не верувам во изјавите дека постигнувањето цензус во недела преставува опасност, изјави Ахмети.

Тој изрази оптимимизам и за гласот “ЗА“ на дијаспората.

– Остварив средби со многу иселеници, кои престојуваа во земјава, и сум убеден дека во сабота, ќе дојдат тука, не сакам да калкулирам со бројки, но ве уверувам дека и тие сакаат нивната земја да оди напред. Јас припаѓам на луѓето кои мислат за иднината на оваа земја, а не на тие кои сакаат да се вратат во минатото. Не верувам во стравот што се шири дека цензусот нема да успее, изјави лидерот на ДУИ.

Во врска со уставните промени по референдумот, Ахмети смета дека ќе има пратеници кои ќе ги ценат гласовите на граѓаните и ќе гласаат за уставните промени, бидејќи не сите сакаат изолација.

– Референдумот е одлучувачко прашање за земјава. Никој не треба да го условува референдумот со ништо. Оваа е историски момент што нема да се повтори, одговори Ахмети на прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ бара амнестија за челниците на партијата како надомест за поддршка на референдумот во недела.

Тој е сигурен дека граѓаните на Македонија позитивно ќе се одзиваат на референдумот и знаат како се создава иднината.

– Никој не ги именува граѓаните на Северна Ирска како “Северно Ирци“, туку тие во светот едноставно се познати како Ирци. Ова е пример што ги отфрла изјавите дека Договорот со Грција го негира и му штети на македонскиот идентитет, изјави Ахмети.

Според Ахмети, македонскиот идентитет и јазик можат да се зачуват само внатре во НАТО и ЕУ.

Лидерот на ДУИ, во врска со Охридскиот договор, изјави дека сите политички партии во земјава признаваат дека патот кон Европа минува преку Охридскиот договор и законите што приоизлегуваат од него. Сега преостанува последниот дел, Законот за јазиците и решавањето на прашањето со името, конктретно референдумот.

Агендата на ДУИ, истакна Ахмети во интевјуто за ТВ24, е целосната имплементација на Охридскиот договор и зачленувањето на земјава во НАТО и ЕУ.

Ахмети референдум
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.