Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тенк: За СЈО делото е со умисла, одбраната ги спори „бомбите“

1
By Нова ТВ on October 3, 2018 ПОЛИТИКА
Архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 3, 2018 12:15

Обвинителите од Специјалното јавно обвинителство на денешното рочиште на завршните зборови за случајот „Тенк“ на кој во одвоена постапка и се суди на екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, побараа таа да биде прогласена за виновна, бидејќи со умисла извршила злоупотреба на службената положба за набавка на екстралуксузниот „мерцедес“.

-Обвинетата Гордана Јанкулоска при набавката на возилото ‘мерцедес ес 600 гард’ била свесна за своето дело и сакала извршување на истото. Таа го поттикнала Поповски незаконски да го фаворизира ‘Макаутостар’ за да се набави ново блиндиранo возило по желба на тогашниот премиер, Никола Груевски. Бараме обвинетата да биде прогласена за виновна земајќи ги предвид сите олеснителни и отежителни околности, а со тоа да бидат платени и 313 илјади денари судски трошоци солидарно со Груевски и Поповски, рече обвинителката Фатиме Фетаи.

Според Фетаи, поранешната министерка за внатрешни работи инсистирала информацијата за набавениот „мерцедес“ да се чува во тајност и надвор од МВР, за да не го гледале вработените и јавноста. Фетаи исто така рече дека техничките спецификации за возилото „мерцедес ес 600 гард“, претходно по пошта биле доставени до Поповски, за да се направи тендер идеален само за овој автомобил, исфрлувајќи ги другите конкурентски автомобили.

Адвокатката на Јанкулоска Сања Алексиќ рече дека СЈО не успеале да докажат дека во „бомбите“ гласот е на Јанкулоска и дека имале селективен пристап при изнесувањето на доказите во доказната постапка.

Во моментов говори адвокатото Боро Тасевски, а судијката Добрила Кацарска треба да одреди датум кога ќе биде соопштена пресудата.

За овој случај веќе е осуден поранешниот помошник-министер во МВР Ѓоко Поповски на шест години и шест месеци затворска казна, а поранешниот премиер Никола Груевски, како поттикнувач за извршување на делото, е осуден на две години казна затвор. За Груевски се очекува Апелација да ја соопшти одлуката по неговата жалба.

завршн зборови Јанкулоска тенк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.