Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОЈО на референдумот регистрира 40 нарушувања на правото на глас

0
By Нова ТВ on October 5, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 5, 2018 13:30

Четириесет нарушувања во врска со остварувањето на правото на глас на референдумот се регистрирани во текот на организирањето и спроведувањето на референдумот, информира денеска јавниот обвинител Џељаљ Бајрами, презентирајќи го извештајот за текот и спроведувањето на референдумот.

На подрачјето на Вишото јавно обвинителство Скопје, еден предмет е оформен во текот на кампањата, а останатите се на ден на референдумското изјаснување.

Станува збор за предмет оформен со спојувањето на три кривични пријави поднесени од две политички партии и едно граѓанско здружение, а се однесува на ист настан за наводно изречен јавен повик за поткуп при избори и гласање и повреда на слобода на определување на избирачите.

– Се однесува за кривична пријава од политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и Глас за Македонија и Граѓанското здружение Светски македонски конгрес за настан во тек на кампањата за говор од премиерот. Кривичната пријава е поднесена до Скопското обвинителство од каде е препратена до ОЈО во Куманово. Предметот е оформен, распределен е кај надлежен јавен обвинител и натаму се постапува на проверка на наводите содржани во кривичната пријава, појасни Барјами.

Според него, на денот на гласањето не се регистрирани нерегуларности на подрачјата на Основните јавни обвинителства Куманово, Крива Паланка, Велес, Кавадарци и Гевгелија.

Во Скопје, додаде тој, се регистрирани 29 настани за кои било известено Јавното обвинителство.

– Најголем дел од пријавите се однесуваат на незначајни инциденти од кои 27 се разјаснети уште во текот на истиот ден, истакна Бајрами.

Тој додаде дека индиции за кривично дело се утврдуваат за настан во Аеродром каде лице дошло во двор на училиште каде се гласа, почнало да вика и да ги омаловажува присутните. По реакцијата на тројца полициски службеници лицето се туркало и удирало и против него ќе биде поднесена кривична пријава за напад на службено лице во врска со извршување службени работи од областа на безбедност.

Јавнит обвинител информира и дека се констатирани и нарушувања на јавниот ред и мир, обиди да се фотографираат гласачки ливчиња, но и пријави за неовластено снимање лица, при што било констатирано дека се работи за новинарски екипи кои не биле видливо обележани.

Бајрами, одговарајќи на новинарски прашања рече доколку има индиции за сторени кривични дела во Сарај или било кои други места ќе има кривични пријави.

Тој рече дека засега иако најавија од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ се уште не се поднесени кривични пријави за нерегуларности во текот на денот на спроведувањето на референдумот. Штом ќе ги добиеме, рече Бајрами, Обвинитлството ќе постапува.

нарушувања ОЈО референдум
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 15, 2026

Иранските медиуми објавија детали од договорот меѓу САД и Иран

ВЕСТИ June 15, 2026

Иранските државни медиуми објавија нацрт-договор од 14 точки, иако ниту една страна официјално не го…

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

June 14, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.