НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Коѕијас: Со исклучок на многу мал дел, Договорот ќе биде прифатен

0
By Нова ТВ on October 24, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кога ќе финализира договорот од Преспа, кога ќе стапи во сила, според мене, нема да има противење, освен од многу мал дел од грчкото општество, смета поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас говорејќи за критската телевизија „Крити ТВ“, пренесува МИА.

Никос Коѕијас, детално објасни зошто во договорот стои „Македонци/ државјани на Република Северна Македонија“, а не „СеверноМакедонци“.

-Тие, себеси веќе 120 години се нарекуваат Македонци. Зошто се викаат Македонци? Не велам дека добро прават, но кажувам зошто. Земаа еден дел од областа Македонија што им беше даден според Договорот од Букурешт во 1913, според кој, ние ја земавме грчката Македонија и тие се идентификуваа географски со овој регион и се нарекоа Македонци, објасни Коѕијас и додаде дека во секојдневна употреба и „со најдобриот договор на светот не можеш да наметнеш на некој како самиот ќе се нарекува во приватните разговори“.

Поранешниот министер за надворешни работи, објасни дека во сложените имиња на државите постојат други изведени зборови, а како пример ги спомена граѓаните на Обединетото кралство кои што се викаат Британци. Граѓаните на Соединетите американски држави кои не се викаат, „Соединето- државен – Американец, туку само Американец. Како и Кинезите од Народната Република Кина. Во однос на северна и јужна Кореа и северен и јужен Виетнам, рече дека се однесува на поделени земји што имаат север и југ.

Во однос на критиките во Грција дека македонскиот државен врв, го користи името Македонија, а не Северна Македонија, Коѕијас објасни дека договорот сѐ уште не е во сила, за да можеме да говориме за прекршувања.

-Овој договор не е ставен во функција, не е ратификуван од двете страни, оваа земја продолжува да се вика Македонија и мене ме обвинуваат дека наводно Заев го прекршува договорот и сл. Ова не е точно, договорот треба да се ратификува од двете страни, а потоа почнува да има прекршувања, објасни поранешниот шеф на грчката дипломатија.

На почетокот на 90-минутното интервју, Никос Коѕијас уште еднаш, на шега, го повтори неговиот став, односно парадокс, дека се бореле „да се смени името на поранешната југословенска Република Македонија“ и во меѓувреме тој станал поранешен.

Договор Котијас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025

Советот за безбедност на ОН: Израелското преземање на Газа би предизвикало катастрофа

August 10, 2025

Италијански медиуми: Иванка Трамп го купила островот Сазан во Албанија за над милијарда долари

August 10, 2025
ФОКУС

Ен-Би-Си: Белата куќа размислува да го повика Зеленски на Алјаска

ВЕСТИ August 10, 2025

Белата куќа размислува да го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски на Алјаска, каде американскиот претседател…

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

August 9, 2025

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.