Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судот ја одби молбата на Груевски за одложување на затворската казна

0
By Нова ТВ on November 2, 2018 ПОЛИТИКА
Архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 2, 2018 13:54

Кривичниот суд ја одби молбата на екс премиерот Никола Груевски за одложување на затворската казна. Адвокатите на Груевски бараа тој да не замине на издржување на затворската казна на 8 ноември, поради пратенички обврски и обврските околу пишувањето на книга поврзана со неговиот докторат.

 Во соопштението од Судот пишува дека „ судија за извршување санкции при Основниот Суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по молба за одлагање на извршување на санкција определена со правосилна пресуда во предметот „Тенк“, донесе решение со кое ја одби молбата. Решението на судија за извршување санкции е испратено на странките во постапката.

По ова, Груевски има рок во наредните три дена да поднесе повторно жалба до Кривичниот совет, кој исто така има рок од три дена да одгоговори на жалбата.

Груевски е осуден на две години затвор за случајот „Тенк“ и според упатниот акт треба најдоцна до наредниот четврток на 8 ноември да се пријави во затворот Шутка.

Во меѓувреме, се чека одговор и за барањето кое го поднесоа  адвокатите на Груевски за вонреден правен лек за преиспитување на пресудата за „Тенк“и Врховниот Суд да дозволи одложување на затворската казна, се додека не одлучи по вонредниот правен лек.

Како што пред два дена обајсни претседателот на Основниот суд Иван Џолев целата документација за  предметот „Тенк“ е во Судот, затоа што течат рокови за редовен правен лек на Јанкуловска. Таа има рок до 6 ноември да одлучи дали ќе поднесе жалба до Апелацискиот суд, по што оригиналните списи од случајот ќе бидат испратени до Апелацискиот Суд, а фотокопиите до Врховен.

Во однос на барањето за одложување на затворската казна, Џолев објасни дека за ова може да одлучува и Првостепениот и Врховниот суд.

Претходно денеска координаторката на Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Елизабета Канческа-Милевска денеска кажа дека осумтемина пратеници нема да гласаат за одземање на пратеничкиот мандат на Никола Груевски. Освен Канческа Милевска, во оваа група се пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски,  Владанка Авировиќ, Зеќир Рамчиловиќ, Нола Исмајловска-Старова и Емилија Александрова.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.