НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Привремени живеалишта во Визбегово за бездомниците од Кале

0
By Нова ТВ on November 8, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев и министерската за труд и социјална политика Мила Царовска денеска ги посетија семејствата кои се сместени во привремени живеалишта во прифатниот центар во Визбегово кои досега живееја на отворено, под тврдината Кале. Сместени се 96 лица, од кои 66 деца.

Заев изрази задоволство што овие 15-тина семејства претстојните студени зимски денови ќе ги поминат на топло, со доволно храна, но и се останато што им е неопходно. Најави дека дополнително, граѓанските здруженија ќе им помогнат заеднички да подготват индивидуални планови за вклучување на пазарот на труд, за социјална заштита и здравство, за обезбедување на документи за лична идентификација, како и за вклучување на децата во образовниот систем.

– Ромската популација е една од најранливите во нашата земја и затоа се заложивме дека ќе им помогнеме. Само оваа година, граѓаните Роми се вклучени во неколку програми од Оперативниот план за вработување. Со учество во програмата за поддршка за самовработување, до јули годинава осуммина наши сограѓани Роми, меѓу кои и една жена, изработиле сопствен бизнис план, додека преку програмата – поддршка за креирање на нови работни места, се вработени 24 лица, од кои половината се жени, рече Заев.

Според него, со воведувањето на детскиот и образовниот надомест што ќе можат да ги добиваат децата од семејствата каде двајцата родители се невработени, но и децата во домаќинства со минимален приход, на секое дете ќе му се овозможат еднакви можности, како и вклучување во образовниот процес кој е основа за понатамошниот личен и професионален развој.

Министерката Царовска информира дека изградиле 15 живеалишта во кои овие семејства ќе добијат по една дневна соба со кујна и со спална за да можат соодветно да живеат. Голем дел од децата се запишани во училиште, за нив се обезбедиле документи, се обезбедила социјална парична помош и се обидуваат овие семејства да ги вклучат на пазарот на трудот.

Таа упати благодарност до меѓународната организација за миграција – ИОМ и Фондацијата отворено општество кои се вклучиле во овој процес.

Царовска додаде дека почнувајќи од следната недела социјални тимови ќе ги мапираат преостанатите лица кои живеат на отворено под тврдината Кале и на сите без живеалишта, ќе им биде понудено привремено сместување.

бездомници Визбегово провремени живеалишта
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.