Косовскиот претседател Хашим Тачи истакна дека, како резултат на разговорите за нормализација на односите со Србија, ќе нема поделба на Косово ниту ќе се формира република Српска на северот.
„Нема поделба на Косово, ниту асоцијации со извршни овластувања што подразбира формирање република српска на Косово“, порача Тачи од Париз каде на покана на францускиот претседател Емануел Макрон присуствува на одбележувањето на 100 години од завршување на Првата светска војна.
Тачи оцени дека резултат од дијалогот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија треба да биде потпишување правно-обврзувачки договор. Според него, првата точка во документот би била меѓусебно признавање на Косово и Србија.