НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Аерозагадување: Налепници за автомобилите според нивните еко стандарди

0
By Нова ТВ on November 10, 2018 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Црвена, жолта и зелена еколошка налепница на возилата е новата мерка за аерозагадувањето која дeнеска ја најави заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули. Трошокот за налепниците ќе биде на граѓаните, а ќе можат да ја добијат по соодветната контрола и тоа веднаш по донесувањето на законот.

-Зелената се однесува за хибридните, електричните и возила кои имаат ЕУРО 5, 6 стандард како и Еуро 4 во кои се вградени уреди за течен нафтен и земјен гас кои ќе можат слободно да се движат во кое било време какво и да е загадувањето. Жолтата налепница се однесува на возилата со ЕУРО 4, 3, и 2 стандардот со вградени компоненти еколошки и тие ќе имаат ограничено движење во денови кога има висока концентрација на загадувачки сипстанци. Третата, црвената е за ЕУРО 2 и под тој стандард возила за кои ќе биде забрането и движење во деновите со висока концентрација загаденост, истакна Макрадули.

Налепницата ќе ја утврдува овластена техничка служба која доколку се  утврди дека спротивно на законот ги дели тие налепници ќе има соодветни санкции и казни, но ќе има и казни за возачите кои возат со налепница која е забранета за тој ден.

Ваквата мерка ја оправдува со податокот дека во Скопје секојдневно влегуваат од внатрешноста на Македонија околу 30.000 возила.

Како втора мерка, Макрадули рече дека Владата воведува начин за утврдување на субвенционирање на набавка на електрични  и хибридни возила за кои ќе се добијат 3.000 евра за хибридно и 5.000 евра за електрично возило.

Тој очекува оваа мерка првата година да ја искористат околу 200 граѓани или компании за 200 возила. Покрај оваа мерка ќе се сунвенционира набавка на уреди за течен нафтен гас или метан до 50 проценти на трошоците за набавка на уредот, но не повеќе од 300 евра. Во првата година се очекува таа мерка да ја искористат 1.200 возила. За набавка на нови возила при замена или одјава на стари возлила, согласно новите закони за колективно постапување со отпадот, и старите школки или возила ќе треба да се складираат на соодветно место, но при набавката за ново, трошоците за одложување на возилото ќе се покријат.

Заменик министерот Макрадули информираше дека со такси превозниците е утврдена универзална жолта табличка со која треба да биде намалена нелојлната конкуренција, а ќе се зголеми квалитетот на услугите.

автомобили Загадување налепници субвенции за хибриди
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.