Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

О2: Справување со загадувањето да биде дел од буџетот 2019 или оставка

0
By Нова ТВ on November 13, 2018 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 13, 2018 13:12

О2 Иницијатива бара од Владата итно да направи измени во предлог буџетот за 2019 година, и во владината програма -унапредување на животната средина да внесе посебна потпрограма – Справување со аерозагадувањето и најголем дел од средствата од собраните даноци поврзани со животната средина да ги наменат за најгорливото прашање, аерозагадувањето.

-За една година во најзагадените градови воздухот може да се доведе во граници на дозволено годишно ниво. Во спротивно бараме да си поднесете оставка и да оставите простор најгорливиот проблем на граѓаните, заштитата на нивниот живот и здравје, да го оставите на некој друг, кој искрено ќе се грижи за тоа, се вели во денешната реакција на Иницијативата.

-Вчерашната презентација на предлог-буџетот на РМ за 2019 година на ниту едно место не ја споменува заштитата на животната средина и намалување на загадувањето. Како да е овој проблем маргинален во неговото значење и влијание врз здравјето на сите граѓани на оваа земја. Но, потврдува дека е маргинален на ниво на Влада. Со тоа што буџетот за заштита на животна средина не фигурира, потврдува дека е незначителен. Комплетниот дебакл што оваа Влада го доживеа во однос на справување со загадувањето и заштита на природата, само го констатира. После година и пол од формирање, две години од изборите, оваа Влада комплетно потфрли и не го спроведе она што го вети во областа на животна средина, истакнуваат од О2 Иницијатива.

Натаму се додава дека како итни реформски приоритети во првите 6 месеци, требаше да се воспостави Фонд за животна средина, во кој директно ќе се слеваат средствата добиени од такси за животна средина. На тој начин, секој таков денар требаше да се намени исклучиво за проекти за подобрување на квалитетот на животната средина.

-Не само што не се оствари ова ни после година и пол, туку со минатонеделниот ребаланс на буџетот за 2018 се скратија над 2 милиони евра за заштита на животна средина. А се гушиме во загадување, мониторинг станици не работат, инспектори нема доволно, нема опрема за мерење, нема акредитирани лаборатории, нема доволно и адекватни субвенции за премин на домаќинствата во загревање кое нема да загадува, нема соодветен јавен транспорт што би ја намалил употребата на возила, законите стојат во место, правилници и уредби не се носат, …. и ова е само во областа на аерозагадувањето. Тонеме, велат од Иницијативата.

Од О2 истакнуваат дека „за парадоксот да биде поголем, во 2016 година се собрале над 183 милиони евра во даноци (такси) поврзани со животната средина“. Но ниту лани, ниту оваа година собраните средства не се користени наменски, туку за долгови на општини и за полнење дупки во буџетот. А средствата имаат точна намена – подобрување на квалитетот на животната средина.

-Ги следите ли извештаите од светските и европски конференции кои нашите градови и генерално државата ви ја категоризираат како најзагадена и ужасна за живеење? Можете ли малку да се фокусирате на константните барања на граѓаните да им овозможи чист воздух и здрава животна средина? Имате ли одговорност за она што сте го ветиле, совест за влијанието на загадувањето врз сите жители на оваа држава, срам дека парите наместо да го решите загадувањето во најбрз можен рок, а со овие средства сигурно може со галопирачки чекори да се реши, вие ги користите за други цели. Тоа се вели крадење од здравјето на граѓаните, на децата, истакнуваат од О2 Иницијатива во реакцијата до Владата по презентацијата на предлог буџетот за 2019 година.

буџет 2019 Загадување О2
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
ФОКУС
April 25, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

ВЕСТИ April 25, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан за неговите напори за посредување во обидот да се…

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

April 23, 2026

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.