НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ММФ: Монетарната политика е соодветна, да се следат ризиците

0
By Нова ТВ on November 19, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Монетарната политика е соодветно присобена, а банкарскиот систем и натаму е здрав, но ризиците треба се уште внимателно да се следат. Ова како што информираат од  Народната банка на Република Македонија (НБРМ) го оцени тимот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Завршното соопштение за редовниот годишен преглед на македонската  економија.

Од НБРМ нагласуваат дека според ММФ, во иднина, доколку се влоши надворешното опкружување, Централната банка треба да биде  подготвена да ја заостри монетарната политика, како што беше соодветно направено и во изминатите периоди. Врз основа   на   умерената економска активност, ниската инфлација и поволните девизни пазари, НБРМ двапати ја намали каматната стапка во 2018 година.

ММФ, соопшти НБРМ, оценува дека банките се добро капитализирани, ликвидни и профитабилни. Учеството на нефункционалните кредити е намалено, а кредитните ризици се добро обезбедени. Според ММФ, натамошните напори за  постепено зголемување на денаризацијата на депозитите и внимателно калибрираните  макропрудентни мерки за намалување на кредитирањето во странска  валута  на  домаќинствата  ќе помогнат за натамошно зајакнување на отпорноста на финансискиот систем.

Во Програмата за детална проценка на финансискиот сектор (FSAP), што во моментов се  финализира  од  страна  на  ММФ  и  Светската  банка, додаваат, се констатира дека банкарската супервизија и прописите значително се подобрија во текот на изминатата деценија, но се идентификува и потребата од натамошно зајакнување, особено во делот на супервизијата на системски значајните банки и макропрудентната регулатива и модернизација на управување со кризи.

Во Соопштението на тимот на ММФ, потенцираат од НБРМ, се наведува дека враќањето на политичката стабилност и напредокот кон решавањето на проблемот со името значително ги подобриле перспективите за отворање на преговорите за членство во ЕУ, повеќе од 12 години по добивањето на кандидатскиот статус. За да се искористи оваа можност и да се осигури посветла иднина преку повисока продуктивност и побрза конвергенција на доходот, клучни се структурните реформи за надминување на долгопостоечките слабости на пазарот на труд, правосудството и јавната администрација.

Реалниот БДП во 2018 година е проектиран на 2 отсто, при поволни макроекономски услови, односно ниска инфлација, опаѓачки дефицит на тековната сметка и позитивни трендови на девизниот пазар. Со закрепнувањето на инвестициите, се очекува забрзување на растот на БДП на 2,8 проценти во 2019 година и понатамошно засилување на 3,5 отсто, на среден рок, во услови на инфраструктурни вложувања и силен извоз.

На завршниот состанок со тимот на ММФ, кој престојуваше во земјата заради спроведување на редовниот годишен преглед на македонската економија, присуствуваa гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и тим на Министерството за финансии, предводен од министерот Драган Тевдовски

ММФ монетарна политика НБРМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.