Македонската фудбалска репрезентација со стил ги заврши настапите во основниот дел во Лигата на нации. „Црвено-жолтите“ вечерва на арената „Филип Втори“ го поразија Гибралтар со 4:0 (1:0) за прво место во групата 4 во Д лигата, пласман во полуфинале во разигрувањето за пласман на Европското првенство во 2020 година и напредување во Ц дивизија за сезоната 2020/21.
Стрелци во петтиот триумф на националниот тим против аутсајдерот од Пиринеите беа Илија Несторовски во 67. минута (асистент Кире Ристевски) и во 80. минута (асистент Езџан Алиоски), Енис Барди во 27. минута и Александар Трајковски во втората минута од судиското екстра време на средбата.
Освоеното прво место во групата за Македонија значи предност на домашен терен во полуфиналните пресметки за ЕП 2020. Ривалот ќе биде познат по одигрување на мечевите од последното, шесто, коло во групата 3 во која за лидерската позиција ќе решаваат селекциите на Косово и Азербејџан. Како потенцијален противник фигурира и Белорусија, но дефинитивен одговор ќе даде дуелот во Приштина.
Лига на нации
Резултати, 6 коло
Лига А
Група 1
Германија – Холандија 2:2
Табела: Холандија 7, Франција 7, Германија 2.
Лига Б
Група 1
Чешка – Словачка 1:0
Табела: Украина 9, Чешка 6, Словачка 3.
Група 4
Данска – Република Ирска 0:0
Табела: Данска 8, Велс 6, Република Ирска 2
Лига Ц
Група 3
Кипар – Норвешка 0:2
Бугарија – Словенија 1:1
Табела: Норвешка 13, Бугарија 11, Кипар 5, Словенија 3.
Лига Д
Група 1
Грузија – Казахстан 2:1
Андора – Летонија 0:0
Табела: Грузија 16, Казахстан 6, Летонија 4, Андора 4.
Група 4
Македонија – Гибралтар 4:0
Лихтенштајн – Ерменија 2:2
Табела: Македонија 15, Ерменија 10, Гибралтар 6, Лихтенштајн 4.