Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Титаник: На Груевски ќе му се суди во отсуство

0
By Нова ТВ on November 23, 2018 ПОЛИТИКА
Архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 23, 2018 13:44

Со слушање „бомби” во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжи судењето за случајот на Специјалното јавно обвинителство „Титаник“ за изборни нерегуларности.

Најголем дел од разговорите ги води екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и се од 7 април, на денот на гласањето за вториот круг на локалните избори во 2013 година.

Од снимките се слуша како Јанакиески се јавува на лица од партиските штабови и бара да му проверат по име и презиме дали некој излегол на гласање, бидејќи како што вели имал список и да ги провери.

Потоа во друг разговор Јанакиески го брифираат дека му пуштиле списоци од ЈСП, Градски паркинг, Водовод, Универзална, средни училишта, болници… и дека најслабо биле во ЈП „Паркови и зеленило“.

Во друг разговор непознато машко лице му се јавува дека имало многу полиција во Дебар Маало и не знаат што да прават иако, како што вели соговорникот „си носат лични карти се, ама… ” , на што Јанакиески го уверува дека „нема да ги сопре полицаец, затоа што си влегуваат си гласаат”.

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, во разговор ден по изборите му се жали на Јанакиески дека Албанците секаде ги победиле каде што имало мешано население и му објаснува дека „не можеле ништо повеќе да направат, дека тие си кренале гласачи од претходно, ама толку е, дека ги победиле“.

Во разговорите од 8 април 2013 година, ден по гласањето на вториот круг од локалните избори, Миле и повеќе други обвинети ги анализираат резултатите и разговараат зошто и каде биле слаби. Еден од соговорниците објаснува дека не се слаби и дека нивниот таргет од 15.500 гласачи го постигнале, како и дека имаат за 2.500 гласачи повеќе од тоа што Тодоровиќ имал кога победил, по што вели: „Абе спомениците не коштаат”.

На почетокот на денешното рочиште Судот донесе одлука на поранешниот премиер Никола Груевски, кој се наоѓа во бегство во Унгарија, да му се суди во отсуство.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и досега се преслушани околу 800 разговори од над илјада предложени од СЈО како докази.

Во моментов трае пауза, по која судењето треба да продолжи.

„Титаник“ Груевски отсуство судње
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.