НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОЈО потврди: Побарано е запирање на трансакциите на сметки во Монако

0
By Нова ТВ on November 23, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција побара запирање на финансиски трансакции на сметки во Монако

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција од оформувањето на предметот во врска со доделувањето на концесијата за центрите за дијализа во Република Македонија, презема низа активности за расветлување на случајот.

Во рамките на постапката, надлежниот јавен обвинител во изминатиот период, дојде до сознанија дека правното лице – концесионер на центрите за дијализа е отуѓено, а финансиски средства во значителен износ се префрлени на сметки во Монако. Преку меѓународна правна помош доставено е барање до Кнежевството Монако за запирање на извршување на финансиски трансакции на сметките на кои се префрлени пари од продажбата на правното лице во износ од 11 милиони евра.

Воедно, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција од страна на Кнежевството Монако е доставено барање за вклучување на нивен обвинител во истрагата, на што обвинителството позитивно одговори и го одобри барањето.

Неофицијално, стопирани се повеќе сметки кои се воделе на име на Вера Иванова која фигурира како официјален сопственик на Диамед Македонија, фирма чиј газда е всушност Ристо Новачевски кој е венчален кум на Никола Груевски во првиот брак.

Како што утринава објави НоваТВ, станува збор за фирма во сопственост на  Ристо Новачевски кумот на Никола Груевски од првиот брак, а стопирани се и сметките на Вера Иванова која се води за официјален сопственик.

Нашите извори велат дека речиси 11 милиони евра, пари добиени од продажбата на фирмата Диамед Македонија биле префрлени во Монако, по што македонските надлежни институции ја замрзнале сметката на сопственикот, за 11 милиони евра.

Фирмата Диамед Македонија ја купи Дијаверум  кој со центрите за дијализа ќе оперира до 2034 година. Како што и официјално се изјаснија на почетокот на месецот Вера Иванова која што беше официјален сопственик на Дијамед Македонија, останува да менаџира со Дијаверум.

Во ФЗОМ од каде ги добиваат парите за здравстените услуги не сакаа да коментираат, но велат дека дијализата се одвива нормално и нема причина за загриженост кај пациентите.

Диамед Македонија започна да стопанисува со девет центри за дијализа во 2010 година, кога го доби тендерот на 20 години. Останатите центри за дијализа ги доби фирмата на Орце Камчев. Парите за направената дијализа ги добиваат од ФЗОМ.

Новачевски и е познат на јавноста како сопственик на повеќе фирми кои добиваа тендери во време на владеењето на Груевски, а неговото име многу често се спомнуваше во аудио-снимките од прислушуваните материјали од „бомбите.

Листата на фирми со кои управувал Новачевски е голема. Покрај деветте центри за дијализа кои ги доби на тендер во 2010 година каде како официјален сопственик е Вера Иванова(другите ги доби фирма на Орце Камчев), тој е вмешан во бизнисот со паралелниот увоз на лекови, има фирми во градежништвото, со изградба на станови, во трговија со садници со цвеќе и слично.

Но, особено стана актуелен кога во една од снимките се слушна како Груевски и Јанакиевски се договараат како илегално да се обезбеди градба на земјиште кое треба да се пренамени во градежно. Опозицијата тогаш објави документи со кои се потврдува дека 17 000 метри квадратни земја на елитно Водно е купена како шума од фирма од Белизе чиј директор е токму венчаниот кум на Груевски од првиот брак, со цел да се пренамени во градежен плац. НОВА има објавено повеќе истражувања на оваа тема кои ќе ги презентираме повторно.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.