НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Истрага за изборите во САД: Манафорт лажел во изјавите за ФБИ

0
By Нова ТВ on November 27, 2018 СВЕТ
Пол Манафорт
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поранешниот менаџер на изборната кампања на американскиот претседател Доналд Трамп, Пол Манафорт, лажел за време на сведочења во Федералното истражно биро на САД (ФБИ) и со тоа ги прекршил правилата на спогодувањето, поради што му се заканува казна и до 10 години затвор.

Светските медиуми оценуваат дека тоа би можело да ја загрози истрагата на специјалниот обвинител Роберт Малер за можно руско мешање во американските избори во 2016 година, која би требало да заврши наредните месеци.

Поранешниот менаџер на Трамп беше обвинет во август за банкарска измама и криење банкарски сметки. Тој ја призна вината за да избегне обвиненија за перење пари, меѓу другото, но потоа лажел, се наведува во судски документ.

Манафорт изјави дека не се согласува со оценката на Малер дека лажел, стои во истиот документ.

Тимот на Малер и адвокатите на Манафорт се согласиле дека повеќе нема причини за одлагање на изрекувањето на казната, која може да биде и до 10 години затвор.

Малер го обвини Манафорт дека користел 31 странски банкарски налози за да избегне плаќање на даноци во вредност од повеќе милиони долари. Како доказ е понуден луксузниот стил на живот на Манафорт, за кој обвинителите тврдат дека не би бил возможен ако не извршил финансиска измама.

Властите на Манафорт му запленија четири недвижности и средства од повеќе банкарски сметки.

Светските медиуми констатираат дека иако тоа не бил фаталниот удар врз истрагата, исклучувањето на податоците кои Манафорт ги дал во рамките на нагодбата значи дека Малер повеќе нема да може да смета на сведокот со длабоки врски во Русија, а кој до средината на 2016 ја водеше кампањата на Трамп.

Би-Би-Си наведува дека обвинувањата против Манафорт се однесуваат на периодот пред да работи за Трамп.

избори САД истрага лажни изјави Малер Манафорт руско влијание ФБИ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.