НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Комисијата препорача одземање на имунитетот на Груевски

0
By Нова ТВ on November 27, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања со пет гласа „за” ги усвои шесте барања од судот за одземање на имунитетот заради мерка притвор на Никола Груевски, пратеник и поранешен премиер, кој избега од Македонија и доби политички азил во Унгарија. На седницата не присуствуваше ниту еден пратеник од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, чиј почесен претседател е Груевски.

Одлуките за барањата за одобрувањe на мерката притвор ќе бидат испратени до претседателот на Собранието кој треба да закаже пленарна седница.

Претседателот на Комисијата Павле Богоевски изрази разочарување што, како што кажа, нашиот систем не го обезбеди Груевски за издржување на двегодишната казна за случајот „Тенк“. Побара одговорност и завршување на истрагата за бегството на Груевски. 

Груевски е осуден на две години затвор за случајот „Тенк“ за набавка на луксузниот мерцедес, но пред да започне да ја отслужува затворската казна, избега во Унгарија. За овој случај беше побарано одземање на мандатот на Груевски, но не беше обезбедено двотретинско мнозинство.

Поранешниот премиер е обвинет и во случаите на СЈО „Траекторија“, „ТНТ“, „Титаник“ и „Насилство во Центар“, за кои ќе му се суди во отсуство. Неодамна СЈО поднесе две обвиненија за „Талир“, а меѓу осомничените е и Груевски.

Покрај тоа, Груевски е осомничен и во неколку отворени истраги на СЈО, меѓу кои „Пропаганда“ и „Хармонија“.

Груевски имунитет Комисија за мандатоно имунитетни прашања
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.