Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прв состанок на собраниското тело за помирување

0
By Нова ТВ on November 28, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 28, 2018 08:19

Собраниското Координативно тело за помирување и интеграција денеска треба да го одржи својот прв состанок.

Пратеници од независната група на ВМРО-ДПМНЕ пред два дена соопштија дека на седницата се очекува да бидат изнесени размислувања во врска со содржината на законот за помирување за настаните во Собранието од 27 април минатата година.

Најавија дека ќе ги соочат фактите и дека има консултации со правници во врска со законот за помирување.

Во среда седница ќе има, но не значи дека на неа ќе помине некаков текст на закон за помирување, нагласија од оваа пратеничка група.

Координативното тело што го предводат потпретседателката на Собранието Фросина Ташевска Ременски и Емилија Александрова од независната пратеничка група, брои 25 членови меѓу кои потпретседателите на Собранието, координаторите на пратеничките групи со исклучок на ВМРО-ДПМНЕ и претставници на независните пратеници и партиите кои немаат пратенички групи.

Дали законот за помирување ќе има поддршка од пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе зависи од тоа што ќе биде понудено, посочуваат пратеници од оваа пратеничка група без разлика на тоа што не учествуваат во работата на Координативното тело. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ предложи, но владејачкото мнозинство не прифати закон за целосна амнестија за насилствата од 27 април.

Од СДСМ и вчера повторија дека не смее и не може да има амнестија за оние кои планирале, нарачале и извршиле насилство на 27-ми април. – Одговорност за насилството на 27 април мора да има, нагласуваат од владејачката партија.

Осумтемина пратеници кои се иницијатори на ова тело за помирување ја подржаа потребата за пристапување кон уставни измени и беа исклучени од ВМРО-ДПМНЕ.

Премиерот Зоран Заев вчера изјави дека имал средба со Никола Тодоров и Митко Јанчев во Струмица на која разговарале за работата на Координативното тело за помирување, за реформите и процесот на интеграција на земјата во ЕУ и НАТО, како и за процесот за уставни измени. Тој нагласи дека верува оти јасно изразената одговорност од страна на Тодоров  и градоначалникот Јанчев може да охрабри одредени пратеници кои „знаат кој е исправниот чекор, а се уште немаат доволно храброст да го направат тој чекор“.

Изрази верување дека бројката од 80 пратеници може да се зголеми.

-Таа бројка од 80, која беше овозможена при првото гласање беше само за тогаш и никој не може да каже дека таа бројка ќе опстојува. Јас искрено се надевам дека бројката ќе расте, рече Заев.

Иако се исклучени од партиските органи, Заев верува дека Тодоров и Јанчев имаат влијание во партијата, и дека и покрај промените во позициите тие сепак се чувствуваат како дел од ВМРО-ДПМНЕ и затоа ги повикал на кафе во Струмица.

Истакна дека со задоволство би учествувал на Координативното тело, нагласувајќи оти тој е иницијаторот на процесот на помирување.

-Верувам искрено во него. Оваа закрвавеност, омраза коишто се јавуваат во нашето општество  треба да помогнеме сите заедно да се надминат, посебно во периоди кога сме сите заедно  за стратешките цели  а тоа е членството во НАТО и во ЕУ, истакна Заев.

Заев Координативно тело за помирување независни пратеници
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
ФОКУС
April 21, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

ВЕСТИ April 21, 2026

Во телефонско интервју за CNBC, Трамп рече дека верува оти е веројатно продолжување на воените дејствија доколку…

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

April 18, 2026
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.