НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски: Со протестот почнуваме сеопшта револуција против власта

0
By Нова ТВ on November 28, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со денешниот протест ја прогласуваме и почнуваме нашата национална, економска, социјална и образовна, сеопфатна и сеопшта револуција против погрешното владеење  на Зоран Заев, економското и националното разнебитување, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Одговорајќи на новинарски прашања по средбата со претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески, Мицкоски напомена дека протестот е вид пркос и манифестација на се она што ги тишти граѓаните и ќе продолжи, не само во Скопје, туку и во други градови низ Македонија.

Според него, 28 ноември има симболика за ВМРО-ДПМНЕ и за целокупното, како што наведе, црно владеење на Заев.

-Тоа е денот кога беше направен упад во правниот систем на Македонија, кога вицепремиерот и министер за внатрешни Оливер Спасовски по налог на Заев, без да им биде симнат имунитетот на пратениците, со лисици на рацете правеше спектакли во јавноста и прогласи дел од тие луѓе за терористи и насилници. Денеска гледаме дека дел од тие се луѓе кои имале европски карактер. Ги поканувам сите граѓани кои сакаат да им застанат на патот на СДСМ и на Заев во ова национално разнебитување, економско разнебитување и разнебитување по која било основа и погрешно владеење, да ни се придружат, да застанат рамо до рамо со нас, да ја поченеме оваа напа сеопфатна и сеопшат револуција, рече Мицкоски.

На прашањето дали е можно помирување со селективна амнестија, порача дека одговор треба да даде нејзиниот предлагач.

– Предложивме закон за амнестија, видовте како заврши иако кажавме дека сме подготвени да се моделира ако постоше чесна намера од другата страна. Ќе го повторам и вториот дел од ставот, дека доколку кое било законско решение нуди одговор на овој политички прогон што и се случува на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија, на нејзини поранешни и сегашни функционери, ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи, подвлече Мицкоски.

Во врска со средбата на Тодоров и Јанчев со премиерот Заев во Струмица, Мицкоски рече дека разбрал од медиумите, но не смета дека тоа ќе влијае на компактноста на пратеничката група ма ВМРО-ДПМНЕ.

– Не гледам причина зошто пратеничката група да не биде компактна или да не ги застапува ставовите на ВМРО-ДПМНЕ, програмата врз основа на која биле избрани, конгресните резолуции, одлуките на централниот и извршниот комитет. Јас сум сигурен во тоа. Разбрав од медиумите дека имало средба, разбрав за содржината на тој состанок. Навистина не ги знам ниту мотивите, ниту зошто имале потреба од таква средба и што било разговарано. Можеби тие треба да дадат одговор. Верувам и сигурен сум во честитоста на пратениците и пратеничката група, но и на сите луѓе кои се дел од стѕруктурите на ВМРО-ДПМНЕ, потенцира Мицкоски.

Порача и дека во Македонија мора да почне да се води принципиелна, чесна, искрена и, како што истакна, честита политика. – Само така ќе можеме пред граѓаните да се легитимираме како совесни политичари кои ќе обезбедат подобра иднина, дополни Мицкоски.

Мицкоски протест
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.