НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Титаник“ продолжува на 5 декември

0
By Нова ТВ on November 30, 2018 ПОЛИТИКА
Архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На 5 декември продолжува судењето за предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство со презентација на доказите од СМС комуникацијата меѓу обвинетите.

На денешното рочиште во неколку наврати судијата Шабани го праша обвинетиот Мунир Пепиќ дали му е добро и му дозволи да излезе на кратко. Пепиќ, по кратката пауза, рече дека е добар и дека може да продолжи со судењето. Сепак, судијата по кратко време го прекина судењето.

Судењето започна со презентација на СМС пораки од комуникацијата која се одвивала меѓу поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоски, како и меѓу поранешниот премиер Никола Груевски и Јанкулоска. Соговорниците се брифирале за состојбата со пријавени гласачи од дијаспората за која сметале дека е на ниско ниво и дека очекувале многу повеќе. Пред изборите во 2011 година обвинетите договарале и вработувања во државни институции, меѓу кои во СМС пораките се виде дека се вработувале партиски луѓе и во Кардиолошката болница во Охрид за што запознаен бил и поранешниот премиер Груевски. Тој и препраќа порака на Јанкуловска од нивни партиски член, која му се жали на тогашниот премиер дека поминала низ партиските кругови во Општинските комитети но не ја вработиле во МВР за што смета дека не било фер.

Судијата Осман Шабани пред почетокот на судењето го прочита известувањето од Собранието на РМ дека на пратеникот Никола Груевски му е одземен имунитетот и најави дека судот ќе постапи по барањето за притвор на обвинетиот.

Во предметот „Титаник“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, на кого му се суди во отсуство, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски, кои се во притвор, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, како и Мартин Протуѓер, Билјана Бришкоска-Бошквски, Илија Димовски, поранешниот градоначалник на Пустец, Едмонд Темелко и уште неколкумина други.

„Титаник“ судење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.