НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хелсиншки: Лицата со попреченост остануваат попречени во општеството

0
By Нова ТВ on December 3, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По повод уште едно одбележување на Меѓународниот ден на лицата со попреченост, 3. Декември, Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија ги нагласува позитивните, но и негативните случувања поврзани со состојбата на лицата со попреченост во изминатава година.

-Процесот на деинституционализација во 2018-та го имаше својот најголем развој почнувајќи од инклузивното изготвување, но и усвојувањето на новата Национална стратегија за деинституционализација 2018–2027 „Тимјаник” и нејзиниот Акциски план, со кои институционалното живеење конечно ќе започне да доживува трансформација кон социјални сервиси во локалната заедница. Со ова започна постепеното напуштање на институционалното живеење и префрлување на дел од штитениците во мали групни домови и згрижувачки семејства. Хелсиншкиот комитет го поддржуваше и ќе го поддржува овој процес и во иднина, како најдобар и најхуман модел, велат од Хелсиншки.

Во поглед на пристапноста, се констатира дека иако беа преземени чекори кон зголемување на пристапноста во градот Скопје, за жал лицата со попреченост не доживеаја големи промени во останатите делови од државата.

-Ниската свест и незалагањето за овој основен проблем е евидентна во сите општини низ Македонија. Со непреземање на конкретни мерки за овозможување пристапност, општините го попречуваат секојдневното движење и живеење на оваа група луѓе. Непристапни остануваат дел од државните институции, училиштата, банките, културните објекти, улиците. Лицата со попреченост остануваат да живеат во општество исполнето со бариери на чие отстранување мора поактивно да се работи, потенцираат од Хелсиншкиот комнитет и упатуваат апел за поголема заложба кон преземање на конкретни мерки со кои ќе се зголеми и подобри интеграцијата на лицата со попреченост во сите аспекти на политичкиот, социјалниот, економскиот и културниот живот.

лица со попреченост Меѓународен ден Хелсиншки комитет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.