Ссвоја одбрана на денешното судењето за организираниот напад во Собранието на 27 април денеска даде и обвинетиот Влатко Трајковски, еден од групата која влезе во Собранието. Обвинетиот Влатко Трајковски рече дека ВМРО ДПМНЕ се надевала на подобри резулатати на изборите, но излегле катастрогфални. Еден ден пред да почнат протестите пред ДИК бил повикан на состанок на кој му рекле дека ќе има протести и треба да бидат што помасовни.
„Се насмеав, зошто секогаш беше едното исто и им реков што сега после свадба тапани“ рече обвинетиот Трајковски.
Пред да започнат протестите на „За заедничка Македонија“ на 27 февруари лани, Трајковски кажа дека после полноќ му се јавиле и го викнале на состанок, на кој било речено дека ќе има протести .
„Секој ден се собиравме, се потпишувавме. Ни беше речено да не носиме партиски знамиња оти се правеше маска пред светот дека ВМРО-ДПМНЕ не е организатор. На протестите видов и луѓе од обезбедувањето на Сашо Мијалков, команданти на алфите и други началници“, рече обвинетиот Трајковски.
На 26 април по завршувањето на мирните протести, истакна, кога се вратил дома другар му кажал дека го бараат некои луѓе кај Чаче во кафана.
„Отидов, тројца не знаев, а еден познавав така по видување. Утре може ќе се влага во Собрание. Прашав кого ќе утепуваме внатре, а ми рекоа ти нема да утепуваш, туку треба да пазиш на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и на претседателот Трајко Вељаноски и работата да не излезе од контрола. Му реков не сум супермен не можам се сам, ми рекоа не се секирај не си сам, ќе има и други луѓе, ама нема да се знаете. Ми рекоа целта е да се предизвика што поголем хаос и да се заплашат пратениците. Му реков не е добро, зошто 2001 влеговме ама бевме полиција, а сега ќе бидеме затворени. Ми рекоа дали си со нас или против нас, не се секирај за последиците ќе има луѓе од ДБК што ќе ве штитат“ рече Трајковски.
На 27 април се упатил кон Собранието попладнето.
„ Кога стигнав забележав народ како се собира и седнав на една од клупите во жена парк. Таму го сретнав Маријан (Маци), рече Трајковски.
„ Тогаш Маци отиде некаде и се врати и ми рече Луди, ќе се влегува во Собрание и се упативме. Пред да влезам во Собранието ја извадив фантомката, зошто знам дека е кривично дело, и како верник влегов со десна нога. Влегов во собраниската сала, каде почна да се пее и јас се качив на столче со кренати раце и почнав да пеам и јас. Потоа се упатив кон канцеларијата на Вељаноски“ рече Трајковски.
Тој негираше дека се обидел со ПП апарат да го нападне пратеникот Сашко Коцев, како што пишува во обвинението.
„Пратеникот Коцев ме навреди и ме нарече хулиган. Јас се изнервирав, отидов, го земав ПП апаратот и го испрскав“ рече Трајковски.
Остануваат уште четворица обвинети да дадат своја одбрана.
Претходно своја одбрана даде обвинетиот Игор Југ.