Иван Газидис е нов извршен директор на Милан. Според медиумите во Италија, договорот за соработка меѓу двете страни е со важност до јуни во 2020 година. Со именување на човекот кој речиси цела деценија ја извршуваше функцијата и во Арсенал, новото раководство на „росонерите“ емитува јасен сигнал до конкурентите и јавноста за клупските амбиции во тековната сезона, но и во наредните.
„Презадовоолни сме со неговото именување. Тоа е јасен знак дека новите сопственици имаат големи и важни цели на кои сакаат да работат и да ги остваруваат на долг рок“, стои во соопштението на италијанскиот фудбалски гигант.
Газидис се повлече од Арсенал на 18 септември за прифаќање на понудата од Милано.