Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Изградбата на зградите на Водовод и Филхармонија оди кај обвинител

0
By Нова ТВ on December 6, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 6, 2018 09:22

Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми во интервју за Отвореното студио на 1тв вели дека наскоро може да се очекува јавноста да дознае за тоа кој е странските инвеститор кој се сомничи за фалсификување и за перење на 200 милиони евра во земјава.

Тој вели дека со меѓународна странска помош се чека само уште еден документ со кој ќе се докаже делото перење пари, додека останатиот дел е документиран.

-Завршен е поголемиот дел од истрагата и  очекуваме еден документ за да се документира случајот за перење пари. Делот на фалсификување, на измама е докажан со помош на јавен обвинител. Ни останува последната алка на перење пари, вели Муареми, кој објасни како е откриен случајот.

-Утврдивме преку полициски канали дека за тие пари инвестирани од таа држава од каде стигнуваат, во таа држава се води истрага за измама. Сега тие полициски информации треба да бидат официјализирани преку меѓународна правна помош по што ќе се проследи до јавен оибвинител, рече Муареми.

Тој исто така објави дека Управата за финансиска полиција комплетирала уште два случаи во рамките на истрагата за „Скопје 2014“, а се однесува на изградбата на два објекти- оној на „Водовод и канализација“ и на Македонската филхармонија.

-Тие се звршени и очекуваме ЈО да каже и ќе се поднест соодветни пријави, вели тој.

Муареми за 1тв, објасни и дел од сомневањата за овие случаи кои се поврзани со изведувачот Алпине бау.

-Се работи за извлечени многу парични средства. Прашањето е како дојде до стечај на изведувачот. Кога ќе се анализира случајто ќе се види дека многу пари се извлечени  во готово без да се завршат работи. Се работи за фимата Алпине Бау. Се пријавуваат повеќе фирми како подизведувачи дека наводно завршиле некоја работа, а во позадина е само да се извлечат парите, вели Муареми.

Муареми го спомена и случајот со компанијата Диамед Македонија и како е алармирано дека се работи за сомнителна трансакција.

Директорот на Управата за финансиска полиција Муареми во интервју за Отвореното студио на 1тв вели дека не само што се работи на истраги на случаи со можна злоупотреба на државни пари, туку оваа Институција како чувар на буџетот ги следи и сите јавни набавки кои се прават од актуелната власт.

Тој укажа на неколку начини, како при јавни набавки државата може да биде оштетена.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

Муареми Управа за финансиска полиција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
ФОКУС
April 20, 2026Updated:April 20, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

ВЕСТИ April 20, 2026

Бугарската социјалистичка партија веројатно испадна од парламентот.

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

April 18, 2026

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.