НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Адмирал Фого: НАТО во блиска иднина ќе и посака добредојде на Македонија

0
By Нова ТВ on December 12, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

НАТО го цени извонредниот напредок на Македонија и се надеваме дека во блиска иднина ќе ви посакаме добредојде како 30. сојузник во Северноатлантската алијанса, изјави денеска командантот на Здружената команда на сојузничките сили во Неапол, адмиралот Џејмс Фого, по средбата со министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Тој изрази уверување дека посветеноста на другите 29 сојузници во НАТО кон колективната безбедност, ќе ја унапреди стабилноста и на Македонија.

– Последен пат бев во Македонија во 2004 година. Тогаш нашата визија за вашата земја беше Македонија да стане членка на НАТО и веруваме дека времето за тоа дојде. Во Скопје НАТО има Канцеларија за врски која тесно соработува со вашите власти, формирана е во 2002 година и дава совети во целокупниот процес за добивање полноправно членство во Алијансата, истакна Фого.

Командантот на Здружената команда на сојузничките сили во Неапол се заблагодари и за професионалниот придонес на македонските сили во Авганистан.

– Репутацијата на вашите сили секогаш е на завидно ниво, и секогаш е добро да бидете дел од нашите операции и мисии на НАТО надвор од земјата. Со задоволство го слушнав фактот дека размислувате за зголемување на вашиот придонес со сили во Авганистан или можеби на друго место во светот, рече адмиралот Фого.

Шекеринска се заблагодари на постојаната поддршка од страна на НАТО во процесот на планирање и реализација на одбранбените реформи.

Министерката за одбрана изрази уверување дека на почетокот на 2019 година Македонија ќе биде на масата заедно со сите сојузници на НАТО, а веднаш потоа со успешно завршен ратификуван процес ќе бидеме и 30.та членка на Алијансата.

– Посетата на адмиралот Фого ја гледаме како уште еден израз на поддршката која НАТО ја дава на процесот на интегрирање на Македонија во најмоќниот воено-политички сојуз. Македонија покажа дека има капацитет за придонес и во командите на Алијансата и тоа со два штабни елементи во командата во Неапол. Денеска повторно разговаравме да обезбедиме присуство на наши штабни офицери во командата во Неапол во текот на следната година, рече Шекеринска.

Истакна дека како на одговорна команда за силите на НАТО на Косово (КФОР), Македонија со истата посветеност како и досега ќе продолжи да ја дава сета поддршка на силите кои и досега транзитираа низ Македонија, како и подготвеност за оперативна поддршка на силите на КФОР со штабни офицери од АРМ, што ќе претставува придонес кон НАТО и шанса за јакнење на регионалната соработка.

Посочи дека Македонија го продолжува и го засилува своето присуство и учество во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан, бидејќи цврсто верува во вредностите на Алијансата, а тоа е дека мирот, стабилноста, и безбедноста во светот влијаат позитивно на секоја земја.

– Македонија беше наречена единствениот зрак на надеж во Европа во текот на оваа година, бидејќи со храброст и со одлучност, решивме да се справуваме со проблемите, а не да се оправдуваме со проблемите што го мачеа и нашиот регион и нас. Со мудри и храби одлуки продолжуваме на патот кон НАТО, што сега повеќе од било кога е близу до својата завршница. Повеќе од 25 години работиме Македонија да стане дел од НАТО. Оваа година поканата за НАТО самитот, започнатите и завршени разговори покажаа дека Македонија може и е решена да ги исполни своите стратешки цели, истакна Шекеринска

Македонија НАТО Фого
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Советот за безбедност на ОН: Израелското преземање на Газа би предизвикало катастрофа

August 10, 2025

Италијански медиуми: Иванка Трамп го купила островот Сазан во Албанија за над милијарда долари

August 10, 2025

Бугарски државјанин исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското Езеро

August 9, 2025

Уште гори во близина на главниот грчки град – изгореа куќи и има загинат

August 9, 2025

Албанската полиција ја опколи ТВ Њуз 24 и го исклучи сигналот

August 9, 2025
ФОКУС

Ен-Би-Си: Белата куќа размислува да го повика Зеленски на Алјаска

ВЕСТИ August 10, 2025

Белата куќа размислува да го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски на Алјаска, каде американскиот претседател…

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

August 9, 2025

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.