Здружението на новинари на Македонија денеска избира претседател и раководство. Членовите ќе изббираат меѓу двајца кандидати – Младен Чадиковски и Стојанче Наумов.
Чадиковски, како што соопшти ЗНМ, доставил програма за работа, додека Наумов најавил дека ќе ја презентира својата програма пред членовите на самото Собрание.
За позициите во органите на ЗНМ пристигнати се и 29 кандидатури за членови во управниот одбор, шест за членови во Надзорниот одбор и 4 за членови во Советот на честа.
За членови на Управниот одбор се кандидатираат Аднан Ајдари, Шклзен Акифи, Андонов, БењаминАрифи, Кристина Атовска, Сашко Димевски, Димитровски, Венцо Донев, Томислав Ѓеоргиев, Мишко Иванов, Слободанка Јовановска, Тодор Јовановски, Фиљана Кока, Горан Лефков, Кристина Мачкиќ, Зоран Маџоски, Елизабета Митреска, Гоце Михајлоски, Билјана Николовска, Петроска Парашкева, Среќко Поповски, Фуркан Салију, Зехријан Салих, Илија Стефановски, Игор Стојанов, Наташа Стојановска, Мирјана Трпческа,Евис Мемедалија Халили и Сашка Цветковска.
Кандидатури за членови на Надзорниот одборподнеле Мери Јордановска, Адриан Керими, Семи Мехмети, Ирена Мулачка, Трајче Стројмановски и Башким Сулејмани, додека за Советот на честа кандидати се Мира Костиќ, Семра Јакупи, Сенад Зилбеари и Арбен Зекири.