Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

27 април: Завршните зборови на 15 јануари

0
By Нова ТВ on December 26, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 26, 2018 14:58

Со гледање ЦД снимка доставена како дополнителен доказ од одбраната на обвинетиот Игор Југ заврши денешното рочиште во Кривичен суд за настаните од 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија.

На видео снимката се гледа прес-конференцијата на сослушаниот сведок Дамјан Манчевски од 30.04.2017 година на која тогашниот пратеник вели дека нарачателите и директните извршители на обидот за убиство во Собранието ќе одговараат за се што сториле. Тој покажува фотографии од напаѓачите на пратениците.

-Ова на сликата е Игор Југ со усташки симболи претседател на таканареченото патриотско здружение “Владо Георгиев Черноземски” суден за силување, обид за убиство и дрога, вели Манчевски и покажува две фотографии од Југ првата со Никола Груевски од 2003 година, а втората од 27 април 2017 во Собранието на Република Македонија.

Обвинетиот Југ рече дека никогаш не бил суден за силување, обид за убиство или дрога, а најголема навреда му било што се велело дека носел усташки симболи. Нагласи дека не е претседател на ниту едно македонско патриотско здружение. Тоа, како што кажа, било почетокот на фабрикувањето дека станува збор за човек ѕвер, манијак и убица кој може се да направи по налог на некого.

-На 27 април носев маица со натпис ХОС што значи Хрватске одбранбене снаге, а натписот “За Дом спремни” е вообичаено прифатен во Хрватска и не навредува ни една нација. Тоа се симболи под кои загинаа илјадници хрватски бранители. ХОС е составен дел на хрватските оружени сили и не е паравоена организација, рече Југ.

Со тоа заврши доказната постапка за предметот. Следното рочиште е закажано за 15 јануари идната година кога треба да почнат завршните зборови за судењето

27 април завршни зборови Игор Југ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.