Адвокатот на Сашо Мијалков, Љупчо Шврговски очекува утре судијата на претходна постапка да донесе позитивна одлука за неговиот клиент за случајот „Империја“. Тој рече дека се уште нема известување од СЈО дека побарале затворскиот притвор да се замени со куќен.
Мијалков понуди еден милион евра гаранција за да биде ослободен да излезе од притворското одделение во Шутка.
Шврговски се надева дека на Мијалков ќе му биде целосно укинат притворот, но доколку тоа не се случи тие би биле задоволни и со куќе притвор, затоа што условите во Шутка се поинакви од домашните.
За другите обвиенти во „Империја“ меѓу кои Орце Камчев и Цветан Панделевски кои исто така се во Шутка, одлучува Апелацискиот суд и за нив СЈО побара куќен притвор.