Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Екс директорот на УБК Атанасовски останува во притвор

0
By Нова ТВ on January 3, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 3, 2019 12:21

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Владимир Атанасовски доби нови 30 дена притвор, потврдија од Кривичниот суд во Скопје.

Обвинителството за организиран криминал и корупција побарало притвор врз три основи: опасност од бегство, влијание врз сведоци и опасност од повторување на кривичното дело.

Атанасовски  е осомничен за кривичното дело „здружување заради непријателска дејност” за настаните од 27 април.

Атанасовски беше уапсен на почетокот од декември, по сведочењето на браќата Стефан и Михаил Младеновски, кои давајќи ја својата одбрана како обвинети за „27 април“ го посочија како еден од организаторите на упадот во Собранието.

Првиот притвор на Атанасовски му беше одреден на 5 декември лани, откако ноќта беше приведен и однесен на распит во Кривичниот суд.

– Постои основано сомнение  дека лицето сторило кривично дело Здружување заради непријателска дејност од чл. 324 ст.1  од Кривичниот законик. Надлежен обвинител до судија на претходна постапка достави Предлог за определување на мерка притвор, соопшти тогаш ЈОРМ.

Владимир Атанасовски беше назначен за директор на УБК во септември 2016 година по оставката на Сашо Мијалков.

Атанасовски  сведочеше во Судот за настаните од 27 април, на барање на обвинетиот Александар Василесвки – Нинџа. Тој  не можеше да се сети каде бил дента на 27 април и го упати Судот да го праша неговото обезбедување. Не се сеќаваше ниту дали на 27 април се видел со обвинетиот  Никола Митрески Кољо.

27 април Атанасовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.