Бројот на следбеници на Кристијано Роналдо (33) на Инстаграм достигна 150 милиони со што фудбалерот на Јувентус е прва селебрити личност што ја надмина оваа бројка.
На второто место е популарната пејачка Селена Гомез (144,5 милиони), додека третата позиција е за Аријана Гранде (141,3 милиони).
На второто место е популарната пејачка Селена Гомез (144,5 милиони), додека третата позиција е за Ариана Гранде (141,3 милиони).
Меѓу фудбалерите, повеќе од 100 милиони следбеници има и напаѓачот на ПСЖ, Нејмар (108,9 милиони) како неговиот аргентински колега во Барселона, Лионел Меси (105,1 милиони).
Оваа сезона, Роналдо одигра 24 натпревари за Јувентус, постигна 15 гола и оствари седум асистенции.