Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протест: „Македонија блокира“ најавува радикализирање

0
By Нова ТВ on January 9, 2019 ПОЛИТИКА
Фото: Фокус
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 9, 2019 13:32

Граѓанските здруженија „Тврдокорни“ и „Македонија блокира“ кои денеска од пладне одржуваат протест пред Собранието против уставните измени, најавија радикални мерки, доколку бидат изгласани измените. Тие побараа нивни претставници да влезат во Парламентот на разговори со пратениците и го повикаа претседателот Ѓорге Иванов да излезе со нив на протести.

-Ако успееме да го спречиме ние ќе славиме. Но ако се промени Уставот, ќе се промени се во Македонија. Нема да биде Македонија. Ние години наназад се бориме да го сочуваме македонското и ќе го сочуваме, рече Драган Угриновки од Македонија блокира.

Тој рече дека нивната битка ќе биде прво со демократски методи, а потоа и со радикални. Тој не сакаше да ги каже кои се тие радикални марки, туку само спомена граѓанска непослушност.

Од движењето „Македонија блокира“ побараа нивни претставници да влезат во Парламентот за да разговараат со пратениците, како би им ги изложиле своите ставови против промена на уставното име.

Тие чекаат одговор од собраниското обезбедување, дали ќе им биде дозволено на тројца или четворица демонстранти да влезат на средба со пратениците.

-Започнува денот Д. Ова е првата фаза. Ако ова помине, има и втора фаза. Оваа марионетска власт не сака да го почитува народот. Дали треба да и дозволиме на оваа збирштина да избрише се што е македонско. Терористи, педери седат внатре. Ние сме решени да останеме свои на своето – рече претседателот на „Единствена Македонија“, Јанко Бачев.

Бачев рече дека нивен претставник е на средба со Иванов.

Улицата пред Собранието е целосно блокирана, а се забележува и зголемено присуство на полицијата.

Протестот, како што велат организаторите, ќе трае се додека не заврши пленарната седница, ќе вршат притисок и нема да дозволат да бидат усвоени уставните измени.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.