Ватикан од денеска се вклучува во светските спортски текови. Најмалата независна држава во светот што се простира среде Рим на површина од 44 хектари и брои едвај 1.000 жители го доби првото спортско друштво во својата историја. Формиран е атлетски тим со 60 членови меѓу кои има припадници на швајцарска гарда, свештеници, аптекари, но и 62 годишен професор кој работи во националната библиотека.
Тие се првите акредитирани атлетичари од Ватикан по договорот што е потпишан со олимпискиот комитет на Италија за создавање на тим што ќе биде дел од италијанската атлетска федерација.
Атлетискиот тим доаѓа како резултат на иницијативата на Ватикан за промоција на спортот како инструмент за мир, дијалог и солидарност.